Ама навистина е ова прошетка, а не некаков си брз соло пробив. На Нико Галешиќ од Ријека едноставно никој не му тргна сериозно. 100 метри водеше топка на теренот на Славен Белупо и што е најјако, со оваа негова решителност му донесе 3 бода на својот тим. Смешки.
Иако викендов се играше најголемото хрватско дерби Динамо Загреб - Хајдук кое сплитските „били“ го добија со 0:2, сè уште не се стишува хаосот кој настана по големото јадранско дерби пред неколку недели кога избија нереди на „Кантрида“ каде Хајдук славеше победа.
Едно од надраматичните дерби соочувања викендов беше јадранското, каде паднаа 5 гола, ќотек, пресврт во 98-ма минута, влетување на навивачи на терен, фрлање факели, пресметка на трибини.
Возрасните фудбалски гурмани добро се сеќаваат на сјајната генерација на Ријека која во '80-те години играла одличен фудбал и покорила неколку гиганти.
Вечерва во Лига Европа се одигра и 5. оло во групната фаза. Играа тројца македонски репрезентативци: Велковски постигна убав гол за Ријека во ремито 2:2 на гости кај Сосиедад, а Елиф Елмас играше од 58' минута за Наполи против АЗ Алкмар (1:1). Адеми со капитенска лента го водеше Динамо до голема победа од 0:2 кај Феенорд со што „модрите“ се пласираа во нокаут фаза како први во групата.
Фудбалерите на хрватска Ријека направија големо изненадување откако синоќа на гости го совладаа Копенхаген со 0-1 и се пласираа во групната фаза од Лига Европа. Голот беше практично автогол на Анкерсен во 20’ минута. Многу смешен.
Најверните, а богами и најспретните навивачи на Ријека најдоа место на каменарникот во грмушките зад северната трибина на стадионот „Рујевица“ и од таму го бодреа својот клуб кој направи луд пресврт.
Динамо З. ја има можеби најдобрата сезона во последните 30-40 години. „Модрите“ играат неверојатно убав фудбал за око, во Европа шамараат далеку побогати клубови од себе, а во првенството што да се каже освен дека со 0-5 ја прегазија Ријека на гости, нивниот најголем конкурент ако може да се каже конкурент. Динамо имаше 0-4 после 26 минути игра, а голот на Словенецот Петар Стојановиќ дојде после акција Барселона.
Ријека го совлада Динамо во Загреб со 0-1 а стрелец на бомбастичниот гол беше Акости. После оваа победа Ријека пак го отвори прашањето за шампионот на четири кола до крајот.
Чекаа 71 година и дочекаа. Ријека за прв пат во својата историја станаа шампиони на Хрватска и тоа со двајца стандардни репрезентативци, Стефан Ристовски и Леонард Жута кои играат на бековски позиции. За жители на градот ноќеска немаше сон.
Од вкупно 24 екипи кои учествуваа во квалификации за Лигата на шампионите и Лига Европа, само еден клуб успеа да влезе во фазата по групи. Време ли е за Јадранска лига?
Агуеро сезонава постигна 12 голови, Роналдо 18, но никој како Андреј Крамариќ. Детето на Динамо Загреб во кое не веруваше Здравко Мамиќ, пред два дена постигна 5 гола на еден меч, а според трансфермаркет цената му е 4,5 милиони евра.
Досега имаме видено секакви флеш-моб акции, од масовно играње сиртаки, „начекуша" на прв кој ќе подигне отпад намерно поставен среде трговски центар, играње „човечки огледала", замрзнување во место на цела толпа луѓе, ама немавме видено флеш-моб со симултано - читање книга!