Кон крајот на октомври и почетокот на ноември 1984. година, тогашниот југословенски прволигаш НК Ријека се судрила со големиот Реал Мадрид во шеснаестина финалето на Купот на УЕФА.
На култната „Кантрида“ Ријека го одиграла својот најдобар меч во клупската историја и со 3-1 го урнала „кралскиот клуб“.
На реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ Реал возвратил со 3-0 и се пласирал во осминафинале. Но овој натпревар во Мадрид се памети по катастрофалното судење на белгискиот судија Шотерс кој исклучил дури 3 фудбалери на гостите. Посебно неверојатно било исклучувањето на глувонемиот фудбалер на Ријека, Дамир Десница поради приговор.
Како левокрилен напаѓач и брз дриблер, Десница важел за еден од најдобрите играчи на Ријека. Но во Мадрид добил втор жолт картон. Бил исклучен и тој и двајца негови соиграчи.
„На тој реванш со Реал белгискиот судија Роже Шотерс буквално нè уништи откако нè исклучи Миленовиќ, Тичиќ и мене.
Посебна фарса беше моето исклучување поради наводен приговор. Што точно се случи? Судијата свирна фаул, а јас продолжив да трчам... Кога видов дека сите стојат, ја избив топката во аут, а судијата ми даде жолт картон. Набрзо откако му објаснував дека не сум слушнал (поради глувонемоста), ме исклучи со образложение дека сум приговарал. Нешто невидено во историјата на фудбалот.
Знам само дека УЕФА доживотно го суспендираше тој судија, но остана жал што Реал не исфрли иако бевме подобри.
На видеото се гледа како и соиграч на Десница му кажува на белгискиот судија дека Дамир е глувонем и не слушнал судиска свирка за прекин на играта:
This photo is one of the most bizarre scenes in the history of European football. The moment when #DamirDesnica in the match of the second round of the 1984 #UEFACup, between #RealMadrid and his #NKRijeka at the Santiago Bernabeu, the referee gives a red card in the 74th minute pic.twitter.com/dDpXC9mbgx
— OldFootballPhotos (@OldFootball11) January 1, 2021