Во финалето на хрватскиот Куп ќе играат Локомотива Загреб и Ријека, два клуба кои во полуфиналето направија резултатски пресврти против Славен Белупо односно Осијек.
Поранешниот шампион на Хрватска, Ријека и покрај тоа што натпреварите се играат без гледачи поради мерките против вирусот, имаше поддршка од својата „Армада“.
Околу стотина навивачи на Ријека се качија на ридот зад нивната северна трибина и громогласно ги бодреа своите момци на терен.
— Ivan Žeželj (@izezelj) May 31, 2020
Ријека губеше 0:2 на стартот на второто полувреме, но успеа да направи целосен пресврт и да победи 3:2 за пласман во финале на Куп.