Најверните, а богами и најспретните навивачи на Ријека најдоа место на каменарникот во грмушките зад северната трибина на стадионот „Рујевица“ и од таму го бодреа својот клуб кој направи луд пресврт.
Откако пред неколку дена се ставија на располагање за одбрана на својата Далмација од страшните пожари, службено е откажан традиционалниот Торцида Куп и многу ривалски групи доаѓаат во Сплит да помагаат во гаснењето пожари.
Викендов се одигра големото јадранско дерби меѓу Хајдук и Ријека (1:1). Како што најавија, навивачите на Ријека, околу 1.000 души со траект цели 12 часа патувале до сплитскиот брег. Дербито го одбележаа неколку бакљади, пароли, прекини.