Доаѓањето на Армада со траект во Сплит

Викендов се одигра големото јадранско дерби меѓу Хајдук и Ријека (1:1). Како што најавија, навивачите на Ријека, околу 1.000 души со траект цели 12 часа патувале до сплитскиот брег. Дербито го одбележаа неколку бакљади, пароли, прекини.

Гостувањето на една од најсимпатичните групи на просторите на поранешна Југославија во Сплит предизвика многу интерес во регионот.

Популарната „Армада“ неколку дена однапред најави дека со траект ќе заплови во Сплит, а необично делува податокот дека патот од Ријека до Сплит со фериброд трае 12 часа. Можеме да претпоставиме што правеле ријечките ултраси на бродот.

Кога стигнаа на пристаништетот во Сплит беа опколени со специјалци кои ги спроведувале до стадионот „Пољуд“ за да нема ризик од судир со Торцида.

Ријека се бори за титула и сака да ја прекине долгогодишната доминација на Динамо Загреб.

Хајдук поведе со 1:0 со голот на Хамза Бари во 31’ минута, а Ријека израмни на 1-1 во 81’ минута после спорниот пенал кој го реализираше Словенецот Бежјак. Само што досуди пенал, судијата Марио Безец беше принуден да бега од еден хулиган на Хајдук кој со фантомка влезе на теренот и го бркаше со штипалка за собирање бакљи.

Мечот го одбележаа разни пароли, но и навреди на сметка на Србите. Торцида извади парола на кирилица на која пишуваше ’Морем плови једна мала барка’, а Армада расистички го навредуваше стрелецот на голот за Хајдук.

 

13 март 2017 - 16:03