Таг: фк ријека

Полека бе, цела Хрватска ја издрибла

Риека - Вараждин, 6 минута. Тргнува извесен Роберт Муриќ во шеснаетник и се случува слалом ала Меси. Каков слалом, орање нива е ова, одбранава не знаеше кај тера.

Фелшот на кој џабе се фрли голманот

Мислевме дека голот на колото во Хрватска го постигна Осијек, ама не го видовме овој на Ријека кој му скина бод на Динамо Загреб. Можеби не ја свитка како Кварезма, ама оди фати му ја. Не се брани ова.

Не се радува само тој што скока

Шампионот на Хрватска, Ријека синоќа извлече поволен резултат на гостувањето кај Салцбург во првиот меч од 3. коло квалификации за Лига на шампиони. Реакцијата на тренерот Матјаж Кек при голот на неговиот тим е легендарна.

Торцида и Бед Блу Бојс заедно гасат пожари низ Далмација

Откако пред неколку дена се ставија на располагање за одбрана на својата Далмација од страшните пожари, службено е откажан традиционалниот Торцида Куп и многу ривалски групи доаѓаат во Сплит да помагаат во гаснењето пожари.

Доаѓањето на Армада со траект во Сплит

Викендов се одигра големото јадранско дерби меѓу Хајдук и Ријека (1:1). Како што најавија, навивачите на Ријека, околу 1.000 души со траект цели 12 часа патувале до сплитскиот брег. Дербито го одбележаа неколку бакљади, пароли, прекини.

Здравко Мамиќ во Ријека ја здиве публиката

Во неделата Ријека го победи Динамо Загреб 2-1, а мечот го одбележаа браќата Мамиќ. Едниот, Зоран долу на теренот ја иритираше публиката со тоа што го напушташе предвидениот простор, а другиот, Здравко од горе во ложата вулгарно им гестикулираше на домашните навивачи.

Нигеријско-хрватската врска која ќе ја модернизира Ријека

„Желбата ни е денот на натпреварот да биде семеен ден. Во Торино ако мечот се игра во недела вечер родителите со децата одат на стадион во еден, седат во ресторан или во кафиќ и одат на шопинг. Така сакаме да биде и тука“, вели архитектот новиот стадион на Ријека.

Интер со играч помалку до пресврт, реми во Виљареал

58 голови вечерва на натпреварите од 5. коло во Лига Европа. По Ибраими и Пандев, од Европа се поздрави и Адеми со Динамо Загреб. Муарем со Карабах и Абдурахими со Локерен имаат уште шанси за европска пролет.

Јаховиќ со повеќе среќа од Крсте

Екипата на Сараево каде настапува нашиот Крсте Велковски ќе се мачи со противник од Бундеслигата, додека македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ со Ријека има полесна пречка против претставник од Молдавија.