На брегот во Нигерија во близина на Порт Харкурт се наоѓа една од петте логистични бази за експлоатација на црно злато. Се вика Onne Port, а со неа под концесија во наредните 50 години ќе управува една од 30-те фирми која е под закрила на Орлеан Инвест холдинг.
Газда е Габриеле Волпи кој практично управува со најголемата индустриска зона во светот на која пристаништето е долго 13 км. Тоа е мал строго чуван град со бунгалови, каде се разликуваат само два идентични станбени објекти со голем луксуз.
Вила Габриеле Волпи, на почесниот претседател на ФК Ријека и онаа на Дамир Мишковиќ кој е претседател на клубот и негова десна рака. Мишковиќ го сметаат за негов трет син и човек кој носи стратешки одлуки за мега компанијата Орлеан Инвест во која работат околу 22.000 луѓе.
Избрана е за една од најуспешните 50 компании во Африка во конкуренција на светски корпорации. Првиот човек на Ријека, Мишковиќ приоритетно и работно ангажиран е во Африка, а поради работата постојано е на релација Нигерија – Лондон – Дубаи – Ријека – Ангола.
На неговите дестинации се придружи и Мозамбик, каде што Волпи ја шири својата империја, односно услугите по кои Орлеан Инвест е најмногу познат, а тоа се логистички услуги за нафтена и плинска индустрија.
Волпи и Мишковиќ се државјани на Нигерија, а Мишковиќ е и почесен конзул на Хрватска во Нигерија. Овие двајца луѓе се топ тема во Хрватска поради тоа што стојат зад изградбата на новиот тренинг центар и новиот модерен стадион кој ќе го добие клубот каде настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.
Ќе ги гради фондацијата на Волпи, Social Sport која се храни со 2% од годишниот приход на фирмите кои спаѓаат под Орлеан Инвест, а таа го поседува и фудбалскиот клуб Ријека.
Иако звучи неверојатно, целата приказна околу ФК Ријека почна од тоа што Волпи сакал да му се оддолжи на својот најблизок соработник Дамир Мишковиќ, а менаџерот од Ријека одлучил да го искористи кредитот и довербата која ја има кај нигерискиот бизнисмен.
Покрај влогот во Ријека, Social Sport финансира и за развојот на спортот во Африка, како и во образование и медицина. На неговата мапа каде дава пари е и Лигурија, родното место на милијардерот кој потекнува од Италија и кој е газда на второлигашот Специја.
Со парите од Social Sport тој основаше и нова фирма која се вика Стадион Кантрида. Во склоп на тренинг кампот, комплексот кој вреди 20 милиони евра содржи и помал стадион со капацитет од 5.500 седишта на кои веќе се играат прволигашки средби.
Стадионот Кантрида ќе го проектира Синиша Здјелар заедно со Џино Ѕаванела кој го проектираше новиот стадион на Јувентус, а претставувањето на целиот проект го гледаа повеќе од 10.000 луѓе.
„Последниот голем стадион во Хрватска е изграден во 1978 година. Се работи за Пољуд чиј автор е покојниот архитект Борис Магаш. Ќе работам со славниот Ѕаванела кој има проектирано 12 стадиони. Внатре ќе потсетува на новиот стадион на Јувентус, а надворешниот изглед на Алијанц Арена. Ѕаванела функционално го проектираше за 14.000 гледачи и тоа го направи одлично. Посетивме многу новоизградени стадиони како оние во Ференцфарош, Марибор, Љубљана и заклучивме дека тој на Јуве е најблизу до тоа што го сакаме“, вели претседателот на Ријека Мишковиќ.
Покрај стадионот ќе се гради и хотел со 250 до 300 легла, потоа уште еден хотел за фудбалерите, трговски центар, а само за одржување на стадионот ќе бидат потребни милион евра годишно.
„Ќе се трудиме да привлече инвеститори кои ќе вложат со своите брендови во трговскиот центар, а со тоа ќе се отворат и работни места. Слично нешто видовме кај Јувентус, а и покрај многу стадиони во Европа каде има и хотели. Стадионот живее два-три пати месечно, а нашата цел е да живее цел дел. Желба ни е денот на натпреварот да биде семеен ден. Во Торино ако мечот се игра во недела вечер родителите со децата одат на стадион во еден, седат во ресторан или во кафиќ, одат на шопинг. Така сакаме да биде и тука. Нашата цел е Ријека да стане самоодржлив клуб.“, објаснува архитектот Зјелар.
Изградбата на модерниот Кантрида ќе трае од година и пол до две години, а се претпоставува дека ќе биде готов на крајот од 2017-та.