Јаховиќ со повеќе среќа од Крсте

Екипата на Сараево каде настапува нашиот Крсте Велковски ќе се мачи со противник од Бундеслигата, додека македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ со Ријека има полесна пречка против претставник од Молдавија.

По извлекувањето на ждрепката за плеј-оф фазата во Лигата на шампионите каде ги имаме Пандев и Ибраими, на денешното извлекување во Нион, противниците ги добија и македонските интернационалци кои играат еден ранг подолу на европска сцена.

Адис Јаховиќ кој во претходната фаза блесна со хет-трик во дресот на Ријека, за пласман во групната фаза од Лигата на Европа за противник го доби молдавскиот клуб Шахтјор. Сараево со Крсте Велковски е со мали шанса за пласман, откако ждрепката не им се посреќи со екипата на Борусија Менхенгладбах.

Бесарт Абдурахими кој деновиве стана нов играч на Локерен ќе игра против Хал од Англија, додека Аријан Адеми со Динамо Загреб за групната фаза ќе се бори со Петролул од Романија.

Првите натпревари се закажани за 21 август, а реваншите на 28-ми.


Плеј-оф двојки за Лига Европа:

Сараево – Борусија Менхенгладбах
Астана – Виљареал
Цволе – Спарта Прага
Астерас – Макаби Тел Авив
Днипро – Хајдук Сплит
Карабах – Твенте
Хелсинки – Рапид Виена
Зимбру – ПАОК
Омонија – Динамо Москва
Лион – Астра
Нефчи – Партизан
Елфсборг – Рио Аве
Карабукспор – Сент Ејтен
Панатинаикос – Митјиланд
Грасхоперс – Клуб Бриж
Ријека - Шериф
Аполон – Локомотив Москва
Јанг Бојс – Дебрецин
Спартак Трнава – Цирих
Лимасол - Тотенхем
Динамо Минск – Национал
Петролул – Динамо Загреб
Трабзонспорт – Ростов
Сплит – Торино
Актобе – Легија Варшава
Локерен – Хал
Рух Хорзов – Металист
ПСВ – Шахтјор
Стјарнан – Интер
Феенорд – Зорија
Реал Сосеидат - Краснодар