Продолжува одличната голгетерска форма на македонскиот репрезентативец, кој по голот против Фенербахче за голем бод, му донесе три важни бода на својот тим.
18 пласираниот Гезтепе одигра 1:1 против фаворитот Фенербахче кој котира на четвртата позиција на во турскиот шампионат. Головите паднаа во 40-та и 48-ма минуга, а резултатот го отвори Адис Јаховиќ кој добро се снајде. Украде топка, го мина чуварот и одлично финишираше. Се надеваме на вакви партии и во дресот на Македонија.
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Адис Јаховиќ со славниот германски напаѓач Лукас Подолски беа добитна комбинација викендов за победа на Анталијаспор над Анкарагучу од 1:0. Поранешата ѕвезда на Баерн и Арсенал му сервираше пас за сите пари на нашиов.
Македонскиот напаѓач, Адис Јаховиќ на кој му оди добро во турскиот фудбал, остро реагираше после објаснувањето на Игор Ангеловски за тоа зошто повеќе не е дел од репрезентацијата.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....
Фудбалерите на Коњаспор славеа 3:2 против Кашимпаша во турскиот шампионат, а херој на мечот беше македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ кој беше двоен стрелец. Едниот со глава, другиот како Роналдо стариот. Коњаспор е осми на табела со 10 бода зад лидерот на табела.
Самуел Ето и Адис Јаховиќ, тие се главните фаци кои се борат за опстанокот на Коњаспор во прва лига. Го совладаа Кашимпаша со 2:0, откако Камерунецот го отвори резултатот во 11-та, а Македонецот го затвори во 86-та.
Македонскиот голгетер Адис Јаховиќ кој денеска полни 31 година, не можеше да посака поубав родендески подарок. Влезе место Самуел Ето во 72-ра минута и во 94-та го крена цел стадион на нозе со многу штосен погодок од слободен удар. Вешто го измами и живиот ѕид и голманот за многу важна победа на Коњаспор од 2:0 против Кајзериспор во борбата за опстанок.
На мечот, на кој нашиот повремен репрезентативец Адис Јаховиќ на своето деби за Коњаспор постигна ефектен гол во 92’ минута за бод против гигантот Галатасарај, домашните навивачи извадија „шеталица“ со која ја прекрија целата трибина. Преку неа демонстрираа како турски тенкови одат кон курдска база во која се и американските непријатели и испалуваат две ракети со што ја рушат целата база во местото Африн каде од 20. јануари трае турската офанзива против Курдите.
Македонскиот голгетер кој можеби со право се подналути што нема минутажа за репрезентација, влезе во игра за својот нов клуб од клупата за резерви и го расплака Фатих Терим со гол во 91-ва минута.
Повремениот македонски репрезентативец Јаховиќ изнуди пенал па даде гол од белата точка на гостувањето кај Галатасарај, но на крајот мораше да се помири со пораз од 3:1.
Стотици навивачи на Ѓестепе се радуваа на стадионот на Галатасарај откако Јаховиќ прво изнуди а потоа реализираше пенал на дебито на повратникот Фатих Терим во Истанбул. Ова беше 14. гол сезонава за повремениот македонски репрезентативец.
Подобро е да селекторот Ангеловски да биде на мака кого попрво да стави во игра, отколку да кубури со составување први 11. Одамна немало волку силна конкуренција во националниот тим каде веројатно потребни се 5-6 измени, наместо 3 за сите да бидат задоволни. На Јаховиќ одлично му оди годинава во Турција, но не доби шанса на дуелите со Италија и Лихтенштајн. Според неговиот ФБ статус, воопшто не му е сеедно.
Селекторот Игор Ангеловски сигурно е презадоволен од формата на македонските репрезентативци во очи на квалификациските средби со Израел (2-ри) и Албанија (5-ти) септември. Голови на наши интернационалци фрчеа во Шпанија, Англија, Италија, Турција, Кипар.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев во 10 и 12 минута ги пропушти најзрелите шанси за водство на квалификацискиот меч против Израел, а Адис Јаховиќ промаши пенал во 95 минута. По овие нереализирани прилики не се освојуваат бодови. Остануваме на 0 по двете кола.
Минатата сезона се пресели во Русија, каде стана еден од подобрите стрелци во втората лига и најзаслужен за пласманот на Крилја Советов во руската Премиер лига. За неделникот Футбол зборуваше за војната во Македонија и скандалите со судиите.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација ги отстрани од националниот тим двајцата фудбалери кои ја нарушиле атмосферата во тимот пред дуелот против Словачка.
Tотенхем, Виљареал и Клуб Бриж ја оправдаа фаворитската улога во првото коло од плејофот за ЛЕ. Од нашите интернационалци, Муарем одигра 64' минути во ремито на Карабак против Твенте. Бесарт Абдухарими и Локерен славеа против Хал, а Адис Јаховиќ беше заменет на половина час пред крајот на дуелот со Солигорск (1-0).
Адис Јаховиќ, Крсте Велковски, Бесарт Абдурахими и Муарем Муарем се нашите претставници кои со своите клубови ќе се обидат да изборат пласман во групната фаза од второто по ранг клупско европско натпреварување.
Екипата на Сараево каде настапува нашиот Крсте Велковски ќе се мачи со противник од Бундеслигата, додека македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ со Ријека има полесна пречка против претставник од Молдавија.
Ако во дебаклот со Србија може воопшто да има некаква светла точка, тоа дефинитивно е почесниот погодок на Адис Јаховиќ кој мајсторски ја помина цела противничка одбрана и го совлада голманот Стојковиќ во стил на врвен голгетер.