Коњаспор го пречека Галатасарај во четвртфиналето од турскиот Куп и откако поведе со автогол во прво полувреме, во вториот дел прими два гола за 5 минути.
Но на околу половина час пред крајот на мечот, шанса доби Јаховиќ кој не можеше да посака поубаво деби за својот нов клуб. Во 91-ва минута доби тешка топка кај пеналтикот, но иако беше во дуел игра скокна моќно и ги постави конечните 2:2.
Atiker Konyaspor, Adis Jahovic'in 90+2. dakikada attığı golle Galatasaray karşısında 2-2 beraberliği yakaladı.
— Fotomaç (@fotomac) February 1, 2018
Maç sonucu: Atiker Konyaspor 2-2 Galatasaray pic.twitter.com/FqG6tCRnDf
По крајот на средбата тој ги освои срцата на навивачите откако спаси едно дете да не изеде ќотек кога влета на терен. Јаховиќ го заштити од обезбедувањето, му го подари дресот и го испрати на трибина за што доби аплауз.
Јаховиќ игра топ сезона и е трет стрелец во турското првенство со 14 погодоци, сите за својот довчерашен клуб Гецтепе, а во новата средина ќе има задача да го спасува Коњаспорт кој се бори за опстанок.
На 31 јануари тој беше претставен со уште едно ново засилување во нападот кое синоќа не беше во состав. Се работи за ветеранот Самуел Ето кој следниот месец ќе наполни 37 години.