Тешко е да се испрати и да се види цела фудбалска ревија на голчишта и јаки потези кога е викенд. Еден, втор, трет, ни се присобраа уште четири од изминатово коло кои решивме да ги ставиме во ист кош. Кој од кој поубав.
Коњаспор со 0:2 го совлада лидерот во Турција Фенербахче. Мрежата им ја начна Марко Јевтовиќ со фантастични „маказици“ кои уште долго ќе се вртат по хајлајтсите на сезоната во турската Суперлига.
На мечот Коњаспор - Јени Малатјаспор, 8. коло во турската Супер лига, домашниот голман Серкан Киринтили од апсолутно нејасни причини направи невиден кикс. Свесен за својата глупост, тргна сам кон соблекувалната уште пред да види црвена боја.
На мечот, на кој нашиот повремен репрезентативец Адис Јаховиќ на своето деби за Коњаспор постигна ефектен гол во 92’ минута за бод против гигантот Галатасарај, домашните навивачи извадија „шеталица“ со која ја прекрија целата трибина. Преку неа демонстрираа како турски тенкови одат кон курдска база во која се и американските непријатели и испалуваат две ракети со што ја рушат целата база во местото Африн каде од 20. јануари трае турската офанзива против Курдите.
Македонскиот голгетер кој можеби со право се подналути што нема минутажа за репрезентација, влезе во игра за својот нов клуб од клупата за резерви и го расплака Фатих Терим со гол во 91-ва минута.