Четворица македонски интернационалци бркаат пласман во ЛЕ

Адис Јаховиќ, Крсте Велковски, Бесарт Абдурахими и Муарем Муарем се нашите претставници кои со своите клубови ќе се обидат да изборат пласман во групната фаза од второто по ранг клупско европско натпреварување.

Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација, Адис Јаховиќ кој постигна хет-трик во минатото коло во дресот на Риека, двобојот против молдавскиот претставник Шериф Тираспол вечерва ќе го стартува на домашен терен.

Многу потешка задача доби екипата на Крсте Велковски, кој во Сараево го очекува германскиот противник Борусија Менхенгладбах.

Плеј-оф мечевите за Лигата на Европа пред своја публика ги стартуваат и Бесарт Абдурахими кој со тимот на Локерен ќе го пречека Хал Сити, а Муарем Муарем со екипата на Карабах е домаќин на составот на Твенте.

Плеј-оф двојки за Лига Европа:

Сараево – Борусија Менхенгладбах
Астана – Виљареал
Цволе – Спарта Прага
Астерас – Макаби Тел Авив
Карабах – Твенте
Хелсинки – Рапид Виена
Зимбру – ПАОК
Омонија – Динамо Москва
Лион – Астра
Нефчи – Партизан
Елфсборг – Рио Аве
Карабукспор – Сент Ејтен
Панатинаикос – Митјиланд
Грасхоперс – Клуб Бриж
Ријека - Шериф
Аполон – Локомотив Москва
Јанг Бојс – Дебрецин
Спартак Трнава – Цирих
Лимасол - Тотенхем
Динамо Минск – Национал
Петролул – Динамо Загреб
Трабзонспорт – Ростов
Сплит – Торино
Актобе – Легија Варшава
Локерен – Хал
Рух Хорзов – Металист
ПСВ – Шахтјор
Феенорд – Зорија
Реал Сосеидат – Краснодар

Одиграни во среда:

Днипро – Хајдук Сплит 2:1
Стјарнан – Интер 0:3