Tотенхем, Виљареал и Клуб Бриж ја оправдаа фаворитската улога во првото коло од плејофот за ЛЕ. Од нашите интернационалци, Муарем одигра 64' минути во ремито на Карабак против Твенте. Бесарт Абдухарими и Локерен славеа против Хал, а Адис Јаховиќ беше заменет на половина час пред крајот на дуелот со Солигорск (1-0).