Адеми и Абдурахими немаат право на кикс

Македонските претставници го играат четвртото коло во Лига Европа. Минатото коло Муарем Муарем му донесе 3 бода на својот тим на гости, а вечерва со нова победа против Дњипро ќе бидат многу блиску до пласман во следната фаза.

Карабах кој годинава за прв пат се наоѓа во групната фаза во Лига Европа се наоѓа на втората позиција со 4 бодови. Интер е на прво место со 7, Сент Етјен има 3, а Дњипро само бод. Вечерашниот резултат може да биде клучен за тимот на македонскиот репрезентативец.

Потешка задача ќе има Локерен каде го имаме Бесарт Абдурахими. Неговиот тим е трет со 3 бода, зад Металист кои ги загуби сите мечеви. Лидер е Легија со 9, а втор е Трабзонспорт со 6. Ова може да биде последна шанса за екипата на македонскиот напаѓач.

Во најтешка ситуација е Аријан Адеми кој минатото коло со погодокот само го ублажи поразот на Динамо од 4:2. Само со три бода на реваншот против Салцбург, хрватскиот претставник може да се надева дека ќе остане на европска сцена.

ЛИГА ЕВРОПА, 4 КОЛО: 

А ГРУПА
Аполон Лимасол – Борусија Менхенгладбах
Цирих – Виљареал

Б ГРУПА
Копенхаген – Бриж
Хелсинки – Торино

Ц ГРУПА
Астерас Триполис – Тотенхем
Бешикташ – Партизан

Д ГРУПА
Астра – Селтик
Динамо Загреб – Салцбург

Е ГРУПА
Динамо Москва – Есторил
Панатинаикос – ПСВ Ајндховен

Ф ГРУПА
Карабах – Дњипро
Сент Етјен – Интер

Г ГРУПА
Феенорд – Ријека
Севиља – Стандард Лиеж

Х ГРУПА
Евертон – Лил
Волфсбург – Краснодар

И ГРУПА
Наполи – Јанг Бојс
Старта Прага – Слован Братислава

Ј ГРУПА
Динамо Киев – Алборг
Рио Аве – Стеауа

К ГРУПА
Фиорентина – ПАОК
Генгамп – Динамо Минск

Л ГРУПА
Легија Варшава – Металист Харков
Локерен - Трабзонспор