Таг: Муарем Муарем

Судиска грешка во 94 минута го исфрли Карабах од ЛЕ

Борусија Менхенгладбах, Бриж, Севиља, Волфсбург, Јанг Бојс и Генгамп ги добија директните дуели и се пласираа во следната рунда. Фудбалерите на Днипро го изненадија Сент Етјен, а во прилог им одеше срамната одлука на судијата на мечот Карабах-Интер кој им поништи чист гол на домаќините и му ја скрати радоста на Муарем Муарем. 

Интер е последната шанса за Муарем Муарем

Откако Адеми со Динамо Загреб и Абдурахими со Локерен минатото коло ги загубија шансите за пласман во следната фаза од Лига Европа, честа на европските натпреварувања ќе ја спасува македонскиот репрезентативец со тимот на Карабах кој вечерва има тежок противник.

Македонските репрезентативци немаат право на кикс

По елиминацијата на Пандев и Ибраими од Лигата на шампиони, честа на македонските претставници во европските натпреварувања може да ја спасат Муарем, Абдурахими и Адеми кои имаат тешки задачи да останат во ЛЕ.

Ефикасна вечер во ЛЕ

Во 4. коло од Лигата на Европа паднаа 76 гола. Адеми и Динамо испаднаа по убедливиот пораз од Салцбург во Загреб. Реми за Абдурахими со Локерен, пораз на Муарем од Днипро.

Адеми и Абдурахими немаат право на кикс

Македонските претставници го играат четвртото коло во Лига Европа. Минатото коло Муарем Муарем му донесе 3 бода на својот тим на гости, а вечерва со нова победа против Дњипро ќе бидат многу блиску до пласман во следната фаза.

Евертон - Лил на МТВ1 и Феенорд - Ријека на Арена Спорт

Четврто коло и 8 средби од ЛЕ и кошаркарска Евролига вечерва на ТВ.

Муарем: За Милано нè испраќаа пејачи маскирани во полицајци

Во Баку го имаме Карас со кој муабетевме додека беше дел од Лудогорец. Таму е и Славчо Георгиевски, а во истиот град веќе четврта сезона настапува Муарем Муарем. Поради воен конфликт на границата со Ерменија, неговиот клуб веќе две децении е принуден да игра само како гостин. Синоќа во Украина беше клучен играч во победата.

Муарем Муарем го реши Днипро на гости

Македонскиот репрезентативец мајсторски се ослободи од двајца дефанзивни за три бода на Карабах. Погодот постигна и Аријан Адеми, но Динамо Загреб загуби со 4:2. Без бодови остана и Абдурахими со Локерен на гостувањето во Турција во третото коло од Лига Европа.

Пораз на Муарем и Адеми, три бода за Абдурахими

Гостувањата на Карабах и Динамо Загреб против Интер и Селтик се покажаа како тешки тврдини за освојување. Локерен каде настапува Бесарт Абдурахими славеше против Металист. Беспрекорни во второто коло од ЛЕ беа италијанските претставници, а во Лондон, Демба Ба го спаси Бешикташ од пораз.

Двајца наши претставници во поход на Лига Европа

По настапите на Пандев и Ибраими во најелитното клупско натпреварување, еден ранг подолу на европска сцена ќе се појават Ардијан Адеми и Муарем Муарем.

Муарем го одведе Карабак во ЛЕ каде ќе игра и Јаховиќ

Поранешниот играч на скопски Работнички, Муарем со гол во 51' минута обезбеди пласман на Карабак во ЛЕ. Успешна вечер имаа и Адис Јаховиќ со Ријека ,како и Бесарт Ибраими со Локерен, кој и покрај поразот оди понатаму поради гол во гости. Крсте Велковски со Сараево доживеа дебакл.