Тренерот на Башкими, Муарем Муарем, нема право официјално да го предводи тимот поради тоа што сè уште нема ФИФА Про лиценца за тренерска работа која е во процес на добивање. Ама се снајде.
Мечот против Брегалница го следеше од неизградената трибина во близина на клупата на неговиот тим, од каде можеше да дава насоки. Како прв тренер во официјалниот записник се води Александар Стојанов кој ја поседува потребната лиценца.