Подобро е да селекторот Ангеловски да биде на мака кого попрво да стави во игра, отколку да кубури со составување први 11. Одамна немало волку силна конкуренција во националниот тим каде веројатно потребни се 5-6 измени, наместо 3 за сите да бидат задоволни. На Јаховиќ одлично му оди годинава во Турција, но не доби шанса на дуелите со Италија и Лихтенштајн. Според неговиот ФБ статус, воопшто не му е сеедно.