- Првите честитки ги добив од жена ми и мајка ми, која живее во Македонија. Жена ми е Црногорка, родена во Германија и во моментов живее во Инголштад. Таа дојде со мене во Русија, но мораше да се врати затоа што имаме мало дете и таму свои лекари. Ми посакаа уште многу голови.
- Да бидам искрен, ме исплаши авионот. Беше многу чудно. Толку долго одеше по пистата, што во еден момент помислив дека ќе сопре или дека ќе удри во некое дрво. Среќа ништо не се случи, и многу подобро се чувствував на аеродромот. Најстрашно беше пред неколку години кога полетував од Минхен до Анталија. Имаше многу турбуленции, сè се тресеше, светла се гасеа се палеа. Кога играв во втората лига беше страшно кога летавме со стари авиони на два пропелери. Може секому да се случи, еден мотор да откаже. Но и во тој случај ме уверуваа дека и без работата на еден мотор, авионот може да слета.
- Можам да кажам дека јас се молам кога полетува и кога слетува. Сепак се молел ти или не, не е важно, Тој горе напишал, па дали ќе умрам во авион или на друго место, така ќе биде.
- Доволно, околу 60-70%.
- Не, не. Дури ни тетоважи немам на тема религија. Само буквата „А“ на раката, затоа што имам две сестри, Азра и Анис. И јас плус Адис.
Велат дека најтешки летови се оние во втората лига?
- Растојанието - тоа е тешко. Се сеќавам кога летавме осум часа до Сахалин. Тоа беше страшно досадно иако имавме карти за економска класа. Барем да ми дадеа седиште во близина на некој излез за итни случаеви за да можев нозете да ги извадам (Адис Јаховиќ е висок 190см). Некој гледаше филмови, некој играше карти, некој спиеа. Јас не можам да спијам во авион, без разлика колку се лета. За среќа во првата руска лига летовите не траат повеќе од три часа.
Тарас Бурлак пред мечот со ЦСКА Москва изјави дека во хотелот се напил три кофеински апчиња. Што пиеше ти?
- Сите спиевме малку. Легнав на полноќ а веќе во 5 наутро бев во авионот. Кога стигнавме во Москва некако успеав да отспијам уште два часа. Пред натпреварот добивме енергетски пијалак, а испив и две таблети кофеин.
Со оглед на настапот можеби треба да ги пиете често?
- Да, победивме и сакав само да се наспијам. Емоциите тогаш се посебни, ја победивме ЦСКА, дадов два убави гола и им ја прекинавме серијата од 11 натпревари без пораз на домашен терен. На крајот заспав дури во три ноќеска.
Победата ја славевте сите во клубот.
- Немав воопшто енергија да одам на журката. Заспав во три, рано отидов на тренинг, а после отидовме со момците и купивме ракови и пиво. Кога последен пат сум се напил? Кога ми се роди детето.
Крилја Советов има одлична база во Самара. Многу играчи живеат таму, а ти?
- Кога семејството ми беше овде, изнајмив стан. Да, инаку сега и јас живеам во базата, има фантастични услови: Соба, трпезарија голема, чисто е многу има хигиеничари. Иако странските соиграчи редовно ме возат по ресторани.
Зарем немаш кола?
- Фудбалер без кола - и тоа се случува. Се шегувам, имам. Возам Нисан Кашкаи неодамна го купив. Не ми треба најскап автомобил, јас сум странец, може да се случи утре да заминам или да ми истече договорот. Што ќе правам после со колите?
Главниот тренер на Крилја, Франк Веркотерен работи во Русија втора сезона. Колку работи измени?
- Николку. Приватно со него може да разговарате како пријател за сè, но на терен Франк е тренер кој бара многу. За мене убав момент беше во тренинг кампот во Абу Даби. Со мене беше и семејството и го видов тренерот Франк како си игра со моето дете. Еднаш запознавате такви луѓе.
Минатата сезона дадовте 12 голови и ве бараа многу клубови.
- 90% бев близу да станам играч на Фрајбург, но испаднаа во втората германска лига, а Крилја Советов се пласираше во Премиер. Имаше неколку контакти, но јас се повредив и до сериозен разговор не дојде.
Фрајбург сега експресно сака да се врати. Први се.
- Не, сè уште сум овде и не размислувам на ниту еден друг клуб. Кога ќе се случи трансфер, ќе се случи, во моментов моите мисли се само за Крилја.
Каде научивте така добро да зборувате руски јазик?
- Не зборувам многу добро. Кога играв во Украина, за Ворскла, тренерот бараше од нас после секој тренинг да научиме по три нови букви. Мене ми беше полесно, затоа што рускиот и македонскиот се многу слични. Кога играв во Швајцарија (Вил и Цирих), научив германски. Знам пет јазици и полесно ми е. Во Украина имав десетина странски соиграчи кои одеа на часови по руски.
Македонија пред неколку години не беше спокојна. Дали имавте мирно детство?
- Имав, иако денес ситуацијата меѓу Македонците и Албанците е напната. Една година имаше војна на Косово и близу Албанија, на околу 50 км од нашиот дом. Таму имавме подрум каде што се криевме од гранатите. Мене сега не ме интересира политика, апсолутно не ме интересира.
Родителите ви се занимавале со спорт?
- Татко ми професионално играл ракомет, но во Македонија немало финансиска база и перспектива, така што го баталил спортот. Сега работи како електричар на железничка станица, а мајка ми е домаќинка. Порано имавме продавница, но ја затворивме. Чудно е како воопшто завршив во фудбалот. Висок сум како татко ми и он мислеше дека е подобро да играм ракомет. А јас нон-стоп шутирав фудбал во дворот. Брат ми мораше да престане со фудбалот, затоа што е алергичен на трева и сега игра ракомет.
Таткото спортист, значи строго ви ја следел кариерата?
- Фудбал почнав да играм во Македонија Ѓорче Петров и од дете сериозно ги сфаќам тренинзите. Родителите за викенди одеа на езеро, а јас останував да трчам на терените. Таков професионалец сум од осум до 28 години. На почетокот ми беше интересно во дворот да играм со децата. Еден другар отиде во клубот и ме викна и мене. Се сеќавам дека до првиот тренинг имаше половина час, а јас се прејадов за ручек. Тренингот беше толку напорен, што после него повраќав. Тоа ми беше животна школа дека пред тренинг не треба да се прејадувам.
Сам си купи копачки?
- Првите ми беа Најк, а можеби и Нике, Нуке или така нешто. На кратко, не беа оригинални и ми беа два броја поголеми. Немавме многу пари со родителите, градевме куќа. Не беше реално да купам оригинални копачки. Првите брендирани копачки ги облеков на 17 години.
Каков е фудбалот во Македонија? Дали е на нивото на втората руска лига?
- Да, можеби сега е на нивото на ФНЛ. Порано не беше така, а платите беа најмногу до 500 марки и тоа во најголемите тимови. И тоа се смета за многу во Македонија. Сега има повеќе спонзори, главен спознор на Вардар е руски бизнисмен. Сега платите се по 20-30.000 евра, а порано игравме од љубов.
Не било баш сè од љубов.
- Мојата прва заработка беше 300 евра. И за мене тоа беше многу тогаш. Можев да излезам со девојка, да одам на кафе. Трошев 150, а остатокот им го давав на родителите. Барем кога имав потпишан договор, копачките беа бесплатни.
Зошто на млади години така изненадно замина за Босна?
- Во Македонија Ѓорче Петров дојде нов тренер кој му кажал на претседателот дека Адис не му е потребен. „Ајде, смалете му ја платата и пратете го во трета лига или дајте му исписница". Претседателот ми ги пренесе овие зборови и јас кажав дека сакам да заминам. Имав 19 години и менаџерот ми ја предложи Босна. Одиш во друга земја и не знаеш што може да биде со тебе. Во Жељезничар тренерот не ме ставаше, но затоа во Вележ Мостар играв добро и на 15 натпревари дадов 10 голови. Тогаш ме купи Сараево.
Навивачите ви останаа во најживо сеќавање?
- Да, тие се навистина луди. Кога играв во Сараево, игравме добро во Лига Европа и загубивме еден меч во првенството. На крајот од месецот сите фудбалери седеа дома затоа што беше опасно ако се сретнеш со навивачите низ градот. Добро е што брзо ја поправивме ситуацијата, па можевме да шетаме по градот слободно.
Жељезничар и Сараево се лути ривали, а вие игравте и за едните и за другите?
- Најголемо дерби! Најважен меч во годината. Пред мечот, се случува да има и жртви. Не играв долго за Жељезничар, така што немаше многу замерки и тензија. Сега кога би се вратил таму не би било многу пријатно да шетам по улица. Што да правите, кога некој толку многу го сака својот клуб.
Навивачите во Русија често ги критикуваат играчите: „Ние патуваме, мрзнеме на студ за да ве бодриме, а вие..."
- Во право се, вистина е. Дојдени се во Москва (разговорот воден пред мечот Спартак - Крилја). Сега допатуваа, ќе бидат 90 минути со нас на мечот. Кога бев во Босна, разбрав што треба да дадеш на теренот, да покажеш дека сакаш да победиш. Не е срамота да изгубиш, тоа е фудбалот, само мора да играш со срце, луѓето сакаат така.
Зошто до 22 години не успеа да се откриеш?
- Мојата кариера почна кога заминав во Швајцарија. Во Босна немав добар менаџер ниту некој медиски план, да пишуваат за мене или да ме има повеќе на телевизија. Така мојата кариера почна сериозно на 24 години кога дадов многу голови за Вил, за Цирих а потоа дебитирав и за Македонија. Што сте постари, почнувате да размислувате повеќе.
Како беше во Вил?
- Исто како во ФНЛ, втора швајцарска лига. За 33-35 меча постигнав околу 25-26 голови, и добив понуда од Цирих. Кога игравме против Базел, дојдоа извидувачи на Баер Леверкузен. За тоа дознав на интернет кога прочитав „Баер се интересира за Адис Јаховиќ". Тогаш немав агент така што никој не ме контактираше. Тренерот ми кажа дека слушнал нешто, но сè остана на тоа „некој слушнал некаде".
По што ќе ја паметиш Швајцарија?
- Постојат закони и никој не може да биде над нив, па ни претседателот. Полициски радари, строги мерки, ако те фатат дека возиш 120км на час без појас ќе останеш без сите права. Затоа сите возат 50-60 км на час. Што се однесува до фудбалот, има технички потковани играчи, но не како во Русија: Повеќе се игра на физичка снага и трчање во Швајцарија. Во Цирих на пример играше Тунижанецот Јасин Чикауи, страшен техничар кој вредеше околу 12 милиони евра. Потоа се повреди и не играше две години. Сега постепено се враќа. Висок 2 метри, а технички можеби подобар и од Ибрахимовиќ. Најголемо дерби во Швајцарија е Цирих - Грасхоперс. Сите сакаат да играат во Базел, затоа што таму најдобро се плаќа.
Инцидентот со казната од девет меча? И тоа ли е закон?
- Се случи јас да бидам без топка, а играчот да ме удри по нозете. Сакав да му вратам, но не го ни допрев и тој падна. Судијата виде и веднаш извади црвен картон. Му свикав „Зошто него не му даде црвен, нè уби со одлукиве". Игравме добро до крајот дадов и гол а после мечот му реков на судијата дека ќе го убијам. Швајцарската полиција можеше да ме уапси, ако се пожалеше тој. Кога ме прашаа "Кариерата сега ти почнува, зошто ти требаше ова"? им одговорив дека агресивно играа а не нè заштити судијата. Кога ми се роди син, престанав да се карам со судиите.
Најскапиот часовник го купивте во Швајцарија.
- Спонзори ни беа кога играв за Цирих. После некое време им пратив на татко ми, на брат ми, на другарите...
Македонската репрезентација ја познаваат по едно име: Горан Пандев. Дали тој е тивок како што изгледа?
- Многу е позитивен, многу помага. Не играше за репрезентацијата пар години, а потоа се врати и кажа: „Не сакам да ја гледам Македонија на дното". Иако има многу пари и може да се опушти, тој помага.
Кога Адис Јаховиќ ќе може да каже дека сработел доволно за да може да се опушти?
- Не, не правам планови. Имам договор на уште две години. Убаво ми е во Самара, ако се случи трансфер тоа е плус. По завршувањето на кариерата, се враќам назад во Германија, таму ќе живеам. Немам некоја цел. Што помалку цели, тоа подобро. Најважно е екипата да победува, а дали јас ќе давам голови не е важно.
Двата маестрални голови на Македонецот против ЦСКА во Москва: