Таг: илчо ѓорѓиоски

Кривична пријава за Илчо Ѓорѓиоски и уште 25 лица за проневера од 2,4 милиони евра

За госпожа Олгица разбравме пред шест месеци, кога беше обелоденето дека со “плата“ од ФФМ купила кола за нејзе, сопругот и за синот кој студира во Италија, три пати годишно одела на одмор на скапи места, имала келнери на слава, а за матурска кај синот пеела Северина.

ФФМ е држава во држава?

Секој што следи фудбал малку повеќе веројатно нема да падне во несвест кога ќе прочита како уствари функционира најбогатата спортска федерација во земјава. Ја водеа Ѕинго, Љубен, Хари, Илчо, а сега за прв човек се мести Муамед Сејдини кој е в.д. Сите се срцки и работеа за доброто на фудбалот.

Неповторливото “ракување“ меѓу Илчо и Џани

Илчо Ѓорѓиоски вчера и официјално преку писмо го соопшти своето повлекување од ФФМ. Ќе продолжи да работи во УЕФА, таму каде веројатно успева да се поздрави од прва. Во ФИФА не му одеше тоа и откако пред две и пол години застана да му честита на новоизбраниот претседател Џани Инфантино, се појави видео од кое на човек му доаѓа да се чувствува глупо кога го гледа.

Илчо Ѓорѓиоски со писмо си замина од ФФМ

По шест години работење, првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија си поднесе оставка од претседателската фотеља на најмоќната спортска федерација кај нас. Следниот ангажман ќе му бил во УЕФА.

Смешниот Ѕампарини му пратил писмо на Илчо Ѓорѓиоски

Прилепчанецот Илија Несторовски стана симбол и капитен на Палермо, клубот за кој во Серија Б досега даде осум погодоци. Затоа и не сакаат да мрда никаде, па ни во репрезентација.

Панчев, Шаќири и легендите се собраа за промени

Иницијативниот одбор на „Обединети за фудбалот", групацијата составена од повеќе поранешни фудбалери, судии и тренери денеска начелно ја соопшти суштината на нивниот собир.

Се поздравија не се секирајте

По 3 минутното видео (барем толку видовме) во кое новиот претседател на ФИФА се поздравува со сите, само не со нашиот, ФФМ на Фејсбук објави слика и ја смири ситуацијата. На нејзе се Инфантино, Ѓорѓиоски и Теодоридис кој е заменик генерален секретар на УЕФА.

Пукна срам во Цирих, Илчо го изначека Инфантино

Отако завршија изборите и Швајцарецот Џани Инфантино стана нов претседател на ФИФА, првиот човек на македонскиот фудбал Илчо Ѓорѓиоски буквално се изначека да му честита, додека овој како да не го позна и неколку минути стоеше покрај него со раката во воздух.

Во Ѓорче не ме сакаше тренерот, а сега играм во Русија

Минатата сезона се пресели во Русија, каде стана еден од подобрите стрелци во втората лига и најзаслужен за пласманот на Крилја Советов во руската Премиер лига. За неделникот Футбол зборуваше за војната во Македонија и скандалите со судиите.

Илчо е играч на натпреварот на дуелот претседатели vs секретари

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија е прогласен за „Man of the match" на дуелот меѓу претседателите и генералните секретари на земјите членки на УЕФА.

Ѓорѓиоски: Воодушевени сме од УЕФА со Платини

Фудбалската федерација на Македонија го претстави планот и пехарот за историското случување во Скопје наречено Супер куп на Европа.

Последното интервју на Петар Милошевски

Голема трагедија за македонскиот спорт. Во сообраќајна несреќа синоќа загина спортскиот директор на македонската фудбалска федерација и поранешен репрезентативен голман, Петар Милошевски. Ова е неговото последно интервју во кое за MacedonianFootball.com говореше за македонскиот фудбал.