На Луксол стадионот во Малта УЕФА заедно со 54-те фудбалски федерации одржа состанок на кој меѓудругото се зборувало и за воведување трето натпреварување во Европа под името Регионален куп.
Потоа ги соблекоа костумите и одиграа партија фудбал два пати по 20 минути, а пријателскиот меч го судел претседателот на Шведската фудбалска федерација, Карл Ерик Нилсон кој е поранешен судија.
На средбата играле и првите луѓе на УЕФА, Мишел Платини и Џани Инфантино, како и претседателите на фудбалските федерации на Хрватска и Полска, Давор Шукер и Збигњев Боњек кој играше за Рома и Јувентус.
Конечниот резултат на средбата е 10:9 за претседателите, а за играч на мечот е прогласен Илчо Ѓорѓиоски. Камо вакви лекции и во квалификации да дававме.