Избран наследникот на Сеп Блатер

Џани Инфантино е нов претседател на ФИФА

На победникот му требаа две третини или 138 од 207 гласа. Заврши првиот круг, останаа тројца кандидати меѓу кои Џани Инфантино и шеикот Салман Бин Ибрахим Ал-Калифa. Швајцарецот победи на крај.

Швајцарскиот Италијанец Џани Инфантино ќе ја води ФИФА во наредните 4 години, откако вечерва во Цирих беше избран со 115 гласови, а поддршка на долгогодишниот висок раководител во УЕФА му даде и Македонската фудбалска федерација.
 
Во Цирих пред 1.126 членови на собранието на ФИФА се гласаше за еден од четирите кандидати со оглед на тоа што од почетните пет се повлече Јужноафриканецот Токио Сексвејл (62) после зборот кој можеби остави и најголем впечаток денес.
„Сега вие сте препуштени сами на себе“.
По примедбите и гласот што го кренаа Американците, а на барање на неколку помали федерации пред сè на оние земји од Карпиското море и Мексиканскиот залив се укина електронското гласање.
 
Затоа се гласаше рачно, еден по еден а први своето право го искористија претставниците на Авганистан од вкупно 207 полноправни членки на ФИФА. Во меѓувреме Индонезија и Кувајт поради мешањето на политиката во спортот се суспендирани и немаа право на глас.
 
Африка има 54 гласови, Европа 53, Азија 44, Северна и Средна Америка и Карибите имаат по 35 гласови, Океанија 11, а Јужна Америка 10.