Илчо Ѓорѓиоски беше четвртиот претседател на ФФМ кој дојде на местото на Харалампие Хаџиристески на 30 јули 2012-та година, а претходните двајца предводници на федерацијата беа Љубисав Иванов и Ламбе Арнаудов.
Тој со долго писмо преку сајтот на ФФМ реши да се збогува од фудбалската федерација која важи за најбогата спортска федерација во нашата земја со годишен буџет од 11 милиони евра.
Ѓорѓиоски претходно беше тренер на Вардар на кој по девет години пауза му ја донесе шампионската титула, а следниот ангажман ќе му биде во УЕФА, стои на сајтот на ФФМ без детално објаснување за каква функција се работи.
Во негово време репрезентацијата на Македонија за играчи до 21 година предводена од Боби Милевски за прв пат заигра на Европско првенство, а во Скопје лани се одржа и Супер Купот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Македонија ниту со него не виде некаков прогрес во мак фудбалот кој по квалитет и инфраструктура е тиња со години, а сениорската репрезентација и натаму е без пласман на големите натпреварувања.
Ѓоргиоски беше критикуван од медиумите со образложение дека откако ја презел федерацијата сам си одредил месечна плата од 4.000 евра.
До назначувањето на неговиот наследник, ФФМ ќе ја води генералниот секретар Филип Поповски, а веќе некое време се шпекулира дека кандидат број 1 за иден претседател на ФФМ е сопственикот на „Кодинг - Горска“, Димитар Костадинов.
Целото писмо на Илчо го имате тука.