Илчо Ѓорѓиоски вчера и официјално преку писмо го соопшти своето повлекување од ФФМ. Ќе продолжи да работи во УЕФА, таму каде веројатно успева да се поздрави од прва. Во ФИФА не му одеше тоа и откако пред две и пол години застана да му честита на новоизбраниот претседател Џани Инфантино, се појави видео од кое на човек му доаѓа да се чувствува глупо кога го гледа.