Екипата од Сицилија е на добар пат да се врати во најдоброто друштво. Палермо е прв со 21 бод. После 12 одиграни натпревари имаат 5 победи, 6 нерешени и само 1 пораз со гол разлика 15:9. Повеќе од пола голови ги постигна македонскиот центарфор.
Од таа причина шефот на Палермо, фамозниот Маурицио Ѕампарини му пишал на првиот човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски да го поштедат Нестогол од пријателската со Норвешка на „Градски“.
„Драг претседателе Ѓорѓиоски, Ве замолувам да не го повикувате Илија Несторовски за пријателскиот дуел со Норвешка, поради тоа што тој е многу важен играч за нашата екипа. Јас лично би ви бил многу благодарен доколку одговорите позитивно. Искрено се надевам дека во блиска иднина ќе се сретнеме, да ве поканам на меч на Палермо, да ги гледате Несторовски и Трајковски. Ве поздравувам од мое и од име на целиот град Палермо“, напишал Ѕампарини до ФФМ.
Но ова многу не го возбуди селекторот Игор Ангеловски кој го стави нашиот најдобар напаѓач во моментов на списокот за пријателската со Норвешка во Скопје на 11. ноември.
Lettera di Maurizio Zamparini al Presidente della Federcalcio macedone https://t.co/Ay5GkCYYNo
— US Città di Palermo (@palermocalcioit) November 1, 2017