Таг: пријателска

Албанците изведоа слободен удар против Италија како прв пат да играат фудбал

Смешна ситуација на пријателската меѓу Албанија и Италија која се одигра во Тирана. Домаќините губат 1:3, па уште и изведуваат слободен удар во спротивен правец. Еден од дефанзивците дремеше и ја гледаше топката, а другиов со раце му гестикулираше дека треба да оди по неа. Италијанците од истата акција малку фалеше да зголемат и на 1:4.

Ја спукаа Порто и Рома, Пепе нема осет и на пријателски

И на натпревар без никаква резултатска важност, туку само за темпирање форма пред стартот на сезоната во август, португалскиот ветеран се однесува дрско и безобразно на терен. Му влезе на Михтарјан како идиот и го расипа приматот на пријателски натпревар.

Арсенал дај друго дете

Артур Оконокво е главна тема меѓу љубителите на Премиер лигата откако синоќа на првата пријателска средба на Арсенал на подготовките, направи голем кикс на мечот против шкотски Хибернијан. Топџиите изгубија 2-1 а 19-годишниот Оконкво ќе мора уште многу да пројде за да стане прв голман на екипата.

Фантастична Македонија со убедлив триумф оди на Европско првенство

Во генералка пред историскиот настап на Евро2020, Македонија до врв ја наполни мрежата на Казахстан во пријателска средба и во сјајно расположение на 8-ми јуни патува за Букурешт каде отвораме против Австрија.

Фантастична Македонија со убедлив триумф оди на Европско првенство

Во генералка пред историскиот настап на Евро2020, Македонија до врв ја наполни мрежата на Казахстан во пријателска средба и во сјајно расположение на 8-ми јуни патува за Букурешт каде отвораме против Австрија.

Гризман, што беше со голчиштево мајсторе?

Франција има буквално 3 состави од по 11 играчи и кој и да го избере селекторот Дешам, ќе бидат меѓу топ 3 фаворити за освојување на Евро2020. Во напад се врати и Бензема па сега да не знаеш кого попрво да ставиш во игра. Синоќа го демолираа Велс со 3:0 во пријателска а Гризман го даде вториот гол во 47' минута.

Фото на денот од една пријателска на Македонија пред 18 години

Ја објави Панчев Ќумбев на Фејсбук кој потсети на една силна и перспективна репрезентација која можеше многу повеќе. Се работи за селекцијата која два месеци претходно и ги одигра оние историски 2:2 на Англија на гости.

Пијана работа, батка

Пред почетокот на пријателската меѓу Германија и Аргентина во Дортмунд, по интонирање на химните играчите застанаа во круг на центарот за да оддадат едноминутен молк во чест на жртвите од терористичкиот напад во Хале. Некој во тој момент ја пеел химната на глас, а некој друг му се издрал: „Halt die Fresse!“ (Затни ја муцката!).

Син му на Солскјер дебитираше против татко му

30 јули 2019 година ќе се памети засекогаш во семејството Солскјер. На тој ден Манчестер Јунајтед предводен од Оле Гунар дојде во родната земја на својот тренер Норвешка и одигра пријателска против Кристиансунд (1:0).

Бидна и тоа, Меси го освои првиот трофеј со Аргентина - „Купот Сан Хуан“

Доволна причина мајтапџиите по Твитер и Фејсбук да тераат марифетлуци со проџваканата тема зошто Меси никогаш нема ништо освоено со репрезентација.

Како живее репрезентацијата на непризнатата Каталонија?

Во текот на календарот на ФИФА и УЕФА за официјални меѓународни натпревари, редовно во програмата може да се видат и пријателски средби кои ги играат репрезентации кои не се признати и не можат да играат квалификации ниту големи натпреварувања. Таква е Каталонија.

Ја паметите ли пријателската меѓу Бразил и Барселона?

Ако мислите дека вакво нешто било можно само на ФИФА или ПЕС, тогаш не сте гледале доволно фудбал, туку само сте го потеле џоистикот. Пазете Бразил против Барселона, дуел на две јаки и култни имиња во едни многу убави фудбалски времиња.

Кога ќе легне волеј нема зима

Пријателска во Анталија меѓу данскиот Хобро и Шахтјор Доњецк. Микел Педерсен го отвора резултатот со страшен волеј.

Падна најатрактивниот автогол на сезоната

На пријателски меч меѓу данскиот Одензе и шведскиот Хелсинборг падна комичен автогол. На стартот на вториот дел сдесниот бек на Хелсинборг, Андерс Рандруп си даде евро-автогол.

На прошталниот меч на Кројф, Баерн намерно го згазил Ајакс со 8:0

„Влегуваме во соблекувална на полувреме и се гледаме меѓу себе. Овие запнаа како да играат финале, а ние се договоривме да му ја даваме цело време на Кројф за он да игра пред публика.“

Од 47 пријателски за 6 години, Бразил дома одиграл само 9

Кариоките во полн состав синоќа одиграа пријателска против Камерун и победија 1-0 со голот на новата ѕвезда на Евертон Ричарлисон. Местото на одигрување на средбата беше невообичаено.

Тргнал Ирец да продава шалови

На преубавиот „Авива“ стадион во Даблин синоќа пријателска средба одиграа Ирска и Северна Ирска која заврши мирољубиво 0:0. Поинтересно од резултатот било меѓу реквизитите надвор.

Милина од акција на шпанските млади фудбалери

На пријателска средба Шпанија У21 со 4-1 ја совлада Данска. Шпицот Борха Мајорал кој од Реал Мадрид е позајмен во Леванте, постигна три гола од кој едниот беше по маестрална акција.

Сте виделе како Ирачанец посрамотува двајца Аргентинци?

Аргентина го совлада Ирак со 4:0, а извесен Башар Расан е можеби единствениот репрезентативец на Ирак кој може да се пофали дека исфрлил од игра двајца Аргентинци и тоа на ист начин, оној најсрамниот кроз нозе. Вториот е инаку Дибала. Резил.

Што е бе кепец?

Мет Миазга е член на Челси кој настапува како позајмен играч во Нант, ама и скаран малку со културата која си ја покажа на пријателската меѓу САД и Мексико. Во ред е да му спискаш ако те изнервирал, ама не на ваков простачки начин. Сите те видоа.

Како може Кореец да те извади од патики

Јужна Кореја и Чиле одиграа без голови во синоќешниот термин за пријателски, и за да не биде се така досадно и неатрактивно, се покрижи Сон од Тотенхем. Апче за смирување му давале на Видал и другар му.

Како навивачите на Ливерпул го пречекаа Лорис Кариус?

Германскиот голман во Ливерпул ќе биде запаметен по катастрофалните грешки во финалето од Лига на шампиони против Реал. После тој меч Кариус беше исмеван по социјалните мрежи, добивал закани по телефон, клубот му најде замена во Бразилецот Алисон, а единствени кои го почитуваат се навивачите кои на пријателската против Торино го пречекаа со овации:

Фото на денот

Капитенот на Мароко Мехди Бенатија пред почетокот на пријателската со Словачка на силен дожд, со знаменцето на неговата федерација го покри девојчето кое излезе со него на терен.

За вакво промашување на Светско се оди дома

Селекцијата на Чиле ја совлада Србија со 1:0 на последните контролки пред Мундијалот. Требаше уствари да биде 2:0, ама падна срам кој не проаѓа ни на пријателска средба.