Овој норвешки клуб кој игра во првата лига е основан во септември 2003-та година со обединување на Кристиансунд и Клаузененген. Синоќа Манчестер Јунајтед победи со гол од пенал во 92’ минута преку Хуан Мата:
Но главниот момент на пријателската одиграна во Осло меѓу Кристијансунд и Манчестер Јунајтед се случи неколку моменто претходно, во 85’ минута:
На теренот влезе 19-годишниот Ноа Солскјер, синот на Оле кој дојде до аут линијата да му посака среќа.
За нешто повеќе од пет минути игра на теренот, Ноа успеал да ги покаже своите навики: добил дуел со Погба, се изборил со Маркус Рохо и имал неколку добри излети со топката кон средниот ред.
Ноа игра во одбраната, но понекогаш знае да биде и последен играч за врска.
За разлика од татко му кој беше расен голгетер, Ноа повеќе го привлекува играта во одбраната, а негов модел за игра бил Мајкл Карик.
„Ноа дебитираше за првиот тим пред 28.000 гледачи. Децата во Норвешка не добиваат често таква прилика. Елајџа седеше со мене и уживаше во мечот. Секако ова е важен период за Ноа, тој тренира со првиот тим последните две недели и првпат го прекомандуваа од младинците. Имаше тешки последни две години поради неколку операции, но сега стигна до прв тим“, изјавил Оле Гунар Солскјер после пријателскиот меч.
Таткото и двајцата синови по натпреварот во Осло:
Еве како во 2001 година изгледал Ноа Солскјер, кој денес е една глава повисок од легендарниот Оле:
Покрај двата сина, Оле Гунар има и ќерка, Карна, која синоќа не била на натпреварот, но беше на „Олд Трафорд“ кога се славеше шампионската титула 2006/2007: