Репрезентацијата на Аргентина секогаш беше најголема болка на Лионел Меси: три пати губеше со својата земја во финале на Копа Америка, изгуби во финале на Светско првенство 2014 од Германците и два пати испадна во рана фаза од Мундијалите 2010 и 2018.
Во 2016-та година после болниот пораз во финалето на Копа Америка (пандан на Европско првенство за Јужна Америка), Меси под набој на емоции објави дека веројатно заминува од репрезентацијата, но после два месеци се врати на молење од цела нација.
Поради слабите игри на репрезентацијата (не негови, туку општо на целата селекција), Меси често го критикуваат во родната земја, а тој се нервира:
„Мојот 6-годишен син ме праша зошто така ме напаѓаат во Аргентина? Гледал видео на Јутјуб и прашува зошто таму не ме сакаат мене? Имам другари, браќа, пријатели на кои им е тешко кога ќе слушнат лошо за мене. Имало и такви кои велеле дека сум кучкин син“, револтирано изјави Меси пред еден месец.
Но изминатиов викенд, се случи нешто убаво за Меси и репрезентацијата: Лео го освои првиот трофеј со Аргентина. Но за волја на вистината, неофицијален пехар.
„Гаучосите“ со 5:1 ја совладаа немоќната Никарагва и го освои Купот Сан Хуан (La Copa San Juan), симболичен трофеј кој го даваат организаторите на пријателскиот меч во аргентинскиот град Сан Хуан. Меси го одигра цело прво полувреме и даде два гола, од кои едниот после неверојатна мајсторија. Против 129-та рангирана репрезентација на рејтингот на ФИФА голови дадоа и Лаутаро Мартинез и Роберто Переира.
После мечот на Меси како капитен на репрезентацијата му го дале трофејот и првпат го видовме со пехар во раце како репрезентативец. За Агуеро и Дибала ова исто беше прв трофеј во националниот дрес.
Шегобијните твитерџии почнаа да тераат мајтап:
No one can say Lionel Messi has won nothing with Argentina now...
— Paul (@PaulDarau2) June 8, 2019
He scored twice to secure La Copa San Juan against Nicaragua pic.twitter.com/acivCe4FC1