Тоа беше пријателски неофицијален натпревар помеѓу Македонија и Баскија, одигран на 28 декември 2002-ра кој заврши 1:1. Позитивен резултат за нашите кои се сретнаа со тим кој имаше серија од 22 години без пораз на овие ревијални мечеви.
Шпанската провинција важеше за фаворит, го имаше во тим Мендиета кој во тоа време играше за Лацио, но тој што прати фудбал од тоа време ќе се сети дека шпанскиот плејмејкер ја немаше истата форма од Валенсија со која стигна до финале на ЛШ.
Домаќините поведоа со голот на Хуан Перез во 76-та минута, но Артим Шаќири кој на 16 октомври истата година го уништи Симан, овој пат го замолкна стадионот Сан Мамеш во Билбао.
Одиме со луѓето од фотката, предводени од Никола Илиевски Џиџи:
Горе - Шаќири, Питошка, Толеск
Доле - Чичко Драгче, Масев, Гроздановски,
Панче им врати убави спомени на соиграчите, па падна и малку мајтап меѓу нив.