За основање на градчето Милтон-Кинс во Англија се размислувало на средината од ХХ век кога на Лондон и неговите предградија му се заканувала пренаселеност.
Така, на еднакво растојание од Лондон, Бирмингем, Лестер, Оксфорд и Кембриџ се појавил регионален центар со посебна архитектурна концепција - неколку реони поврзани со автопатот.
Една од осбеностите на Милтон Кинс е што нема одреден центар на градот. Ваквата замисла била идеја на урбанистот Мелвин Вебер кој сметал дека е потребно сите зданија да бидат распослани по цела територија а не да се групираат на едно место.
Во Милтон Кинс игра за обложувачите познатиот МК Донс, клуб од четвртата англиска лига (таму кариерата ја почнал репрезентативецот Деле Али). Околу овој клуб се водеше жестока борба изминативе години.
Во сезоната 2015/2016 МК Донс беше во Чемпионшип но брзо испаднал два ранга пониско и сега се бори во четврта лига. Сезонава на ниту еден меч на домашен терен немало повеќе од 9.700 гледачи. Затоа за Бразил - Камерун синоќа имало 30.000 гледачи.
ЗОШТО БРАЗИЛ СЕ РЕШИЛ ЗА ОВА ГРАДЧЕ?
Од 2012 година Бразилците играат пријателски натпревари во рамките на Brasil Global Tour чијшто спонзор е гигантот Chevrolet (претходно спонзор беше Gillette).
За 6 години Бразилците во својата татковина одиграле само 9 од дури 47 пријателски натпревари! Ова е уште позанимливо ако се знае дека за подготовките за домашниот Мундијал од 2012 до 2014 имаа голем број пријателски затоа што како домаќин имаа сигурно место.
Бразил играл пријателски во Полска, САД, Велика Британија, Швајцарија, Боливија, Јужна Кореја, Кина, Канада, Јужна Африка, Франција, Сингапур, Турција, Австралија, Австрија, Русија, Германија и Саудиска Арабија.
Како што објаснил бразилскиот медиум Estadão во 2015, правата на организација на пријателски натпревари за Селесао има компанијата International Sports Events кој што е регистрирана на Кајманските острови.
Се испоставило дека оваа фирма е параван за големата компанија Dallah Al-Baraka од Саудиска Арабија. Фактички организацијата на натпреварите ја координира менаџерската куќа Pitch International со седиште во Лондон.
Репрезентацијата на Бразил, односно фудбалската федерација на оваа земја заработува по 1 милион долари од одигран натпревар. Но ова под услов да го собере најдобриот состав. Ако дел од ѕвездите од оправдани или неоправдани причини откажат настап, организаторот може за 50% да ја намали сумата.
Во Англија синоќа немаше таков проблем. Во стартниот состав беа Нејмар, Фирмино, Вилијан.
Интересно е што Бразилците отседнале во хотелот Hilton којшто се наоѓа до самиот стадион. На крајот кариоките славеа 1:0 проти Камерун чијшто селектор е Кларенс Сидорф а негов помошник е Патрик Клајверт.