Фудбалскиот клуб Вимблдон во предградието на југо-западен Лондон бил оформен во далечната 1889-та година.
Овој познат клуб од Лондон играл неколку сезони во најдобрата англиска лига, а пред 29 години го освоил ФА Купот по триумф над големиот шампион Ливерпул.
По формирањето на англиската Премиер лига, раководството на ова елитно друштво одлучи дека секој клуб мора да поседува стадион со седишта и поголем капацитет. Сакале не сакале, челниците на Вимблдон пред 15 години одлучиле целиот клуб да го преселат во Милтон Кинс на 90 километри оддалеченост од Лондон.
Таму владата на крајот од ’60-те години изградила нов град со цел да го растерети Лондон, а за популаризација и идентификување, на овој град му требал фудбалски клуб, така што фудбалската асоцијација ФА помогна Вимблдон да се пресели и да добие нов модерен стадион далеку од дома.
Тоа наиде на жесток отпор на навивачите на клубот кои не сакаа да слушнат за преселба на миленикот и основаа свој клуб со име АФЦ (A fan's club) Вимблдон. Оној преселениот Вимблдон во 2004-та го смени името и стана МК Донс (Милтон Кинс Донс).
Навивачите и локалците верни на стариот Вимблдон со ново-формирана екипа тргнале од 9-та англиска лига и на неверојатен начин (пет промоции во погорна лига за девет сезони и серија од 78 меча без пораз во 2004-та.) да го донесат клубот до Лига 1 (англиска трета лига) каде сезонава игра и омразениот МК Донс.
Реставрацијата на стариот добар Вимблдон:
Оттогаш до денес трае големата омраза меѓу навивачите на двата клуба коишто од тогаш до денес се сретнаа четири пати - во три наврати во Куповите (Џонсон Трофи Куп, ФА Купот и Лига Купот) и еднаш во првенството. МК Донс има три победи а старите Вимлдонци имаат една победа.
Омразените ривали вечерва ќе играат по вторпат сезонава, овојпат на стадионот на Вимблдон каде ќе пристигнат околу 650 гостински навивачи. Метрополската полиција веќе го прогласила мечот од висок ризик, а директорите на МК Донс ќе мора да стојат меѓу нивните навивачи а не во ложата, затоа што така било и на првиот дуел кога Вимблдонци не биле безбедни во ложата.
Ова ривалство е толку големо што на пример директори на фирми блиски до МК Донс и обратно не сакале да вработуваат навивачи на големиот ривал. Во октомври лани Вимблдон за првпат по основањето во 2012-та го надмина МК Донс на табелата и сезонава уште се пред нив.
Стариот Вимблдон и натаму игра на легендарниот стадион „Кингсмедоу“ којшто има капацитет од 4.850 места (2.265 седишта), но во 2015-та навивачите на клубот му понудиле на Челси да го купи стадионот за да на него да може да играат младинските категории на Челси.
Сега има најави дека Вимблдон планира да изгради и за сезоната 2019/2020 да отвори стадион близу нивниот сегашен дом. Дербито се игра вечерва од 20:45 а домаќин ќе биде стариот добар АФЦ Вимблдон.
Повеќе за нивното ривалство: