Ждрепката за второто коло во Лига купот на Мк Донс му ја донесе четата на Луи ван Гал, а играчите полудеа и снимката од реакцијата ја објавија на Инстаграм. За „Црвените ѓаволи“ кои го освоија ова натпреварување во 2010 година, ова е прв пат по 19 години да играат во оваа фаза од купот, а за нисколигашите, 25 август за кога е закажан мечот, ќе биде празник.