Животот на Деле Али е семејна драма - од 13 години живее во друга фамилија

Англискиот репрезентативец Деле Али има мошне необична животна приказна и фудбалска кариера. Иако уште е млад играч, тој зад себе веќе има многу успеси, но малку фалело улицата да го потегне кон себе и да заборави на фудбал.

Деле Али е еден од најдобрите фудбалери, англиски репрезентативец но и играч кој покажува среден прст на судија, грубо ја рога топката, се расправа со противнички навивачи и фрла шишиња кога ќе го извадат од игра.

Неговото однесување не ги чуди само оние кои знаат за неговото тешко детство и не баш лесни односи со родителите.

МАЈКА МУ ИМАЛА ПРОБЛЕМИ СО АЛКОХОЛ, ГО ДАЛА ДЕЛЕ АЛИ ВО ДРУГО СЕМЕЈСТВО

Во есента 1995-та година младата Англичанка Дениз во еден лондонски бар се запознала со Кехида - дечко од богато нигериско семејство. Тие се забавувале извесно време а од нивната врска се родил Деле.

Татко му на Деле избегал во Нигерија само неколку недели по раѓањето на малиот и ги прекинал студиите во Лондон. Формално Дениз и Кехида останале во брак, но се развеле кога Деле наполнил три години.

Заедно со трите деца (сите од различни мажи), Дениз се преселила во Милтон Кинс, на 70 километри од Лондон. Семејството живееле во трособен стан во предградието на Милтон. После неколку години се појавило ново дете (од нов маж) и сите четири деца Дениз ги воспитувала сама.

Точни информации околу тоа што работела во тоа време нема, понекогаш таа седела дома и добивала надоместок од државата, а понекогаш работела како келнерка. Во неколку интервјуа за англиските медиуми години подоцна, таа признава дека не можела да се справи со сите деца и дека имала сериозен проблем со алкохолизмот поради што комшиите неколку пати ја пријавувале.

Малиот Деле не обрнувал многу внимание на тоа. Тој бил среќен со фудбалската топка и ја сакал мајка му.

„Ни чекор не бегаше од мене. Често бараше да го гушкам и бакнувам“, се сеќава Дениз во интервју за The Sun.

Кога Деле Али наполнил 9 години, татко му го викнал во Нигерија, во својот роден град Лагос. Малиот Деле тогаш видел раскошен живот: првата година во Лагос учел во училиште во кое се плаќало 20.000 долари по година и живеел во палата со 10 спални соби и слуги. А втората година од животот со татко му ја поминал во Хјустон каде Кехид бил по работа.

Иако се било идеално, малиот Деле многу сакал да игра фудбал и го наговарал татко му да го пушти назад во Англија. „Ми беше многу тешко да го пуштам. Но знаев дека така ќе биде најдобро за него и за неговите амбиции“, раскажал Кехид за Sunday Mirror.

Деле Али се вратил во суровата реалност: после палатата и луксузот, дошол кај мајка му со другите полубраќа и полусестри.

„Јас имав сериозно проблеми со алкохолот чиј тригер беше тешкото детство. Неколку години бев зависна од водка, од пиво и друг алкохол“, додава Дениз во отворено интервју за The Sun.

Дома редовно доаѓале социјалните служби кои никогаш не и ги одзеле децата на Дениз.

На 11 години Деле Али почнал да тренира во академијата на Милтон Кинс Донс.

Деле Али со татко му од Нигерија

ФУДБАЛОТ ГО СПАСИЛ ОД УЛИЧНИОТ ЖИВОТ

На првиот тренинг Деле Али се зближил со бекот Хари Хикфорд.

„Тоа беше љубов на прв поглед“, се шегува Али.

Двајцата станале неразделни другари иако освен фудбалот ништо друго не ги спојувало. Хари живеел во богатиот реон Cosgrove (на 6 километри од домот на Деле), татко му Алан имал градежна фирма, а жена му Сали била домаќинка.

Деле Али и Хари Хикфорд се дружеле секој ден. На Али му годела пријатната домашна атмосфера во домот на Хикфорд и ја користел секоја можна прилика да оди кај нив.

ПОСВОЈУВАЊЕ И ПРЕСЕЛБА ВО НОВО СЕМЕЈСТВО

После еден тренинг Алан го возел Деле дома (дома како по обичај немало никој), па Али редовно го викал Хикфорд на чај и на преноќување.

„Многу ни беше жал за Деле. Беше многу мал, но многу жив и енергичен. Многу се дружеа со Хари. Сфативме дека сакаме да му помогнеме“, раскажа подоцна мајката на Хари, Сали.

На 13 години Деле ги собрал работите и засекогаш заминал од домот во Милтон Кинс. Со дозвола од мајка му се преселил кај Хикфорд но секој викенд доаѓал да ја види биолошката мајка.

Сепак разделбата со синот и паднала тешко на Дениз.

„Не наоѓав место и секој ден плачев. Срцето ми беше скршено. Иако сфатив дека така е најдобро за моето мало. Се плашев да не стане уличар како многу негови врсници во нашиот реон, сите пушеа, пиеја, се дрогираа. Деле Али сонуваше да стане фудбалер и да игра за Барселона. Тие луѓе (Хикфорд) многу му помогнаа. Со нив никогаш не бевме пријатели но сфатив дека кај нив ќе му биде подобро“, искрено рекла мајка му на Деле Али.

МНОГУ СЕ ЗБЛИЖИЛ СО НОВОТО СЕМЕЈСТВО И СО НИВ ГИ ПОМИНАЛ СИТЕ НАЈВАЖНИ МОМЕНТИ ВО ЖИВОТОТ

Во новиот амбиент кариерата на Деле Али нагло отишла во нагорна линија.

На 15 години (само две години по преселбата) дебитирал за првиот тим на МК Донс, а на 17 години станал стандарден првотимец.

Неговиот сон се остварил кога дознал дека Тотенхем за него понудил 5 милиони фунти и на 19 години во јануари 2015-та потпиша договор со богатите Спарс од северен Лондон.

„Алан и Сали се феноменални родители. Тие го поддржуваа и воспитуваа Деле“, вели тогашниот тренер на МКД Донс Марк Робинсон.

Откако дојде кај нас веќе се почуствува сигурен. Можеше да биде заборавен млад човек на улица“, вели Сали во документарниот серијал „Феномен“ (за најдобрите играчи на светот меѓу кои една епизода е посветена на Деле).

Али и Хикфорд го поминале секој најважен момент од животот заедно.

Договорот со Тотенхем му овозможил да и купи нов автомобил на Сали (претходно возела стара „Тојота“) и да се грижи за семејството Хикфорд. Првиот договор го прославиле во ресторан.

А првиот гол за репрезентацијата на Англија скромно го прославил со нив во неговиот омилен бар.

Со Хари буквално делеле се од деца. Оделе заедно на одмор, учеле и живееле во иста соба. Фудбалската кариера на Хари не била успешна (тој уште игра во трета дивизија), но Деле Али го поддржал и го направил негов менаџер.

Во 2019-та година Али се преселил во огромен комплекс вреден 2,25 милиони фунти во елитниот реон Хартфордшир и го викнал Хари да живее кај него.

Неколку пати новинарите го прашувале кое русокосото момче а тој викал дека е брат му.

 

ИЗВЕСНО ВРЕМЕ ГИ ПОМАГАЛ МАТЕРИЈАЛНО И ОБЕТЕ СЕМЕЈСТВА, НОСЕЛ ПОДАРОЦИ ЗА БОЖИЌ

Првиот договор со Тотенхем му носел 50.000 фунти неделно. Деле Али уште од првото интервју по договорот рекол дека улогата на семејството Хикфорд е најзаслужна за неговиот успех.

„На рана возраст западнав во неуредна средина. Таа средина ме одвлекуваше од фудбал, од мојот пат. Имав среќа што ги сретнав правите луѓе. Со нив преживеав тешко време и станав тоа што сум денес“.

Логично кога Али потпишал богат договор со Тотенхем, им се заблагодарил на Хикфорд со тоа што на Алан и Сали им потпишал 25% од акциите во компанијата Dele Alli Promotions Limited која што се занимава со спозорски договори.

Освен тоа, Алан станал директор на таа компанија, а Хари му е менаџер на Деле.

Деле Али еднаш месечно доаѓал и во Милтон Кинс, разговарал со мајка му и си играл со помладиот брат. И секако им помагал со пари.

Во 2014-та година (додека уште играл во МК Донс), Деле Али на првото семејство потрошил 4.000 фунти, им купил Божиќни подароци, им дал по 200 фунти на мајка му и по 80 на сестра му, а за најмалото братче купил X-Box.

Во 2015-та по договорот со Тотенхем, на Божиќ Дениз добила 600 фунти а децата по 500.

„Ова е негова иницијатива, ние ништо не бараме од него. Никогаш не сме барале од неговата плата. Колку што ми е познато тој добива 25.000 фунти неделно. Но не знам точно“, рекла Дениз.

НАГЛА ПРОМЕНА ВО ОДНОСОТ И ПРОБЛЕМ СО БИОЛОШКИТЕ РОДИТЕЛИ

Еднаш во Лондон од Америка стигнал Кехид. Тој во тој момент бил милионер, работел со нафта и гас. Заедно со Дениз сакале да го видат Деле, доаѓале на натпреварите, правеле екскурзии во клупскиот музеј на Тотенхем, а Кехид дури и сакал да купи акции во клубот но претседателот Леви не прифатил.

Еднаш мајка му Дениз се сретнала случајно со Деле. Во есента 2017-та после едно дерби со Арсенал.

„Го чекав после мечот и кога излезе, тивко му реков: 'Деле јас сум мајка ти'. Тој не застана, само рече знам, влезе во кола и замина. Се расплакав, ми го скрши срцето“.

После настанала агресија. Цел не бил само Деле туку и семејството Хикфорд. Во 2017-та Кехид и Дениз решиле да го спорат првиот договор на Деле Али со МК Донс.

Според англиските закони, за договор со малолетник мора да има потписи од двата родители. Но во договорот на Деле се потпишале Алан и Сали Хикфорд кои никогаш официјално не го посиниле..

Подоцна преку медиумите барале средба со синот.

„Не можам да се видам со него и тоа е многу болно. Со браќата негови ги гледаме сите натпревари на Деле на телевизија и тие прашуваат: “Зошто веќе не доаѓа кај нас“?

Деле смета дека јас не сум бил присутен за него во животот. Но не е така. Живееше со мене со години, секогаш бев емотивно и материјално тука за него. Додека не порасна, го оплакував секое негово заминување. Му купив прва кола кога стекна возачка дозвола. Некои мислат дека ми требаат пари, но јас сум многу богат, само сакам да бидам со него. Сакам да знае дека многу го сакам“, рекол Кехид за Daily Mail.

Полу-сестрата на Деле, Барбара решила да и помогне на мајка им. Таа на Инстаграм направила фејк-акаунт од брат и на него ставила повеќе фотографии од детството на Дели и неколку жални постови.

„Оваа историја ми го крши срцето, се надевам дека ќе прочиташ брате. Сите жалиме за тебе, многу си ни драг, не поради пари или за слава, просто го сакаме нашиот мал Делбот назад“.

Барбара го тагувала Деле Али 10 пати но тој не одговорил. Инаку во 2017-та година ѕвездата на Тотенхем западнал во скандал со секојдневни интервјуа на неговите родители по англиските таблоиди и клубот сметал дека тоа му го руши имиџот па најверојатно го советувале.

Деле Али од тој момент не сака да слушне за неговите родители Дениз и Кехид и не ги смета за родители. Целосно ги игнорира, никаде не ги споменува, не одговара на прашања за нив.