Најлудото фудбалско друштво од Англија

Џон Фашану, Дејв Бесан, Денис Вајс, Вини Џонс и Лори Санчез се петмината фудбалери кои на почетокот на 80-тите и крајот на 90-тите на посебен начин се издвиле во Премиер лигата. Биле познати поради тимскиот дух, но и грубата игра, а го носеле прекарот „Лудото друштво".

Екипата на Вимблдон која пред околу 25 години се натпреварувала во Премиер лигата била најтврдата и најгрубата поради начинот на кој го играла фудбалот, а тоа се должело на само петмина фудбалери.

„Лудото друштво" си создале опуштена и позитивна атмосфера во која го играле фудбалот, но прекарот си го заработиле поради грубата и жестока игра со многу прекршоци.

Фудбалските стручњаци многу често го критикувале нивниот начин на игра, тренерите и новинарите сметале дека тие настапувале со тезата дека можат сами против сите, но и покрај многуте критики тие повеќе од 10 години се наоѓале на врвот во англискиот фудбал.

Најголемите успеси тогашниот тим на Вимблдон ги постигнал кој крајот на 80-тите години кога приредиле огромно изненадување во финалето од ФА Купот против Ливерпул славејќи со 1:0. Во наредните години од втората лига стигнале и до елитното премиерлигашко друштво каде се држеле на врвот.

Најголем мотиватор на петчленото весело друштво бил голманот Дејв Бесант кој се прославил по одбранбениот пенал во финалето против Ливерпул, а тоа било прв одбранет пенал во историјата на ФА Купот.

Вимблдон во тоа време имале слаб среден ред и нивниот стил на игра биле да го прескокнат тој дел од теренот. Бесант можел без проблем да ја префрли топката на противничката половина, а тоа им одговарало на фудбалерите на тимот. Тој го носел дресот на Вимблдон над една деценија.

Во екипата во која доминирале крупни фудбалери се издвојувал единствено Денис Вајс со своите 168 см. Тој секако дека бил низок за начинот на игра кој го практикувале со рогање, но бил доста снаодлив и пргав.

Еден од англиските коментатори за него рекол дека е валкано мало гомно, а со истата страст за фудбал тој потоа настапувал и за Челси, Лестер, Милвол, Саутемтон и Ковентри. По завршувањето на кариерата Вајс стана тренер, а најголемиот успех го постигна во 2004 година кога стигна до финалето од ФА Купот каде загуби од Манчестер Јунајтед.

Во славната петорка на Вимлдон одлично се склопил Џон Фашану кој бил познат по неговите борешки вештини и неговиот агресивен начин на игра. Во сезоната 1993/1994 тој на фудбалерот од Тотенхем Гери Мабут му ја дупнал главата и му нанел тешка повреда на лицето.

Напаѓачот Фашану често "им делел лактови" на противничките играчи, а во 8 годишниот престој во Вимблдон постигнал 107 гола. Тој бил во центарот на вниманието откако се откажал од својот брат кој јавно признал дека е хомосексуалец, но потоа брат му се самоубил, а Џон се каел што не го поддржал.

Еден од носителите на играта на таа славна и посебна генерација на Вимлдон е Лори Санчез кој ќе остане запаметен по два историски гола за тимот. Првиот е против Хадерсфилд во мај 1986 година кога на тимот му донел пласман во прва лига.

Вториот погодок е токму на финалниот меч од ФА Купот против Ливерпул во 1988 година со кој му го донел трофејот на клубот кој се смета за едно од најголемите изненадувања во историјата на англискиот фудбал.

Лидерот на ова „лудо друштво" бил велшкиот интернационалец Вини Џонс кој претставувал страв за противничките фудбалери. Освен тоа што бил предводник во тимот, на теренот не расмислувал многу за последиците па затоа во кариерата добил 12 црвени картони.

Единствениот фудбалер кој бил повеќе исклучуван од него бил Рој Кин, а Џонс додека настапувал за Челси на мечот против Шефилд за само 3 секунди добил жолт картон кога соборил противнички играч.

Во 1987 година фоторепортерите го уловите во една непријатна ситуација во дуел со Пол Гаскоњ, а и покрај тоа што претрпел многу критики не го менувал начинот на игра и продолжил да ги плаши фудбалерите.

Откако овие петмина легендарни фудбалери го напуштале клубот тој паднал на дното на табелата. Во 2000 година по 12 сезони во Премиер лигата Вимблдон испаднал во втора лига, а подоцна и во понизок ранг.
Вимблдон е оформен во 1889 година, а од 2004 година се натпреварува под името Мк Донс.

22 јули 2013 - 17:24