Фудбалскиот клуб Вимблдон од југо-западен Лондон беше оформен во 1889-та година. Клубот одигра повеќе сезони во англиската Премиер лига, а најславна година во клупската историја е 1988-та кога Вимблдон во финалето го победи тогашниот шампион Ливерпул и го освои ФА купот.
Но заради правилот на англиската федерација дека секој клуб мора да има стадион со седишта и не можејќи да ги исполнат условите, челниците на клубот во 2002-та година решија да го преселат во местото Милтон Кинс, односно 90 километри одалеченост од Лондон.
На вештачкиот град изграден од владата во 60-те години за да се намали побарувачката на станови во Лондон му беше потребен фудбалски клуб и фудбалската асоцијација на Англија заедно со управата на Вимблдон, а за доброто на модерниот фудбал решија да ја сменат историјата на еден славен фудбалски клуб.
Навивачите на Вимблдон секоко не го прифатија ова решение и си оформија свој клуб со име АФЦ (A fan's club) Вимблдон, а стариот Вимблдон по преселбата во Милтон Кинс, во 2004-та година го промени името во МК Донс.
Фудбалскиот клуб оформерн од навивачите започна да се натпреварува во 9-та по ранг англиска лига и за 9 сезони успеа да се искачи до 4-та лига, а МК Донс оваа сезона игра во 3-та лига.
Среќата сакаше овие два клуба да се сретнат во второто коло од ФА купот. АФЦ Вимблдон му гостуваше на МК Донс, односно вистинскиот Вимблдон се сретна со оние кои го украдоа клубот.
МК Донс го победи Вимблдон со 2:1, а вториот гол беше постигнат во 92-та минута, но резултатот за навивачите на Вимблдон беше во втор план.
„Ние сме победници на овој натпревар. Дојдовме во МК како лигашки клуб, а тргнавме од нула", изјави директорот на Вимблдон.
3.000 навивачи на Вимблдон пристигнаа во МК на овој натпревар, а ова беше нивната реакција по постигнувањето на израмнувачкиот гол на теренот на најголемиот ривал.