Ново гол шоу на Јаховиќ кој за 10 минути со два комада го реши Газиантеп

Продолжува одличната голгетерска форма на македонскиот репрезентативец, кој по голот против Фенербахче за голем бод, му донесе три важни бода на својот тим.

Адис Јаховиќ даде два гола во период од 10 минути во првото полувреме, клучни за победа на Гезтепе против Газиантеп од 2:1.

Напаѓачот на Македонија од кој очекуваме повеќе голови на Градски, го отвори резултатот од пенал во 39-та минута, а потоа избегна офсајд замка и рутински го реши голманот.

Со овие два гола, сега има 4 погодоци во турскиот шампионат.

Македонскиот репрезентативец стигна до 81 гол на сите натпреварувања во Турција, постигнати за Коњаспор, Малатијаспор, Анталијаспор и Гезтепе.

 

7 декември 2021 - 08:35