По ждрепката за третото коло од Лигата на Европа на 19. јули, Торино го чекаше победникот од дуелот меѓу шведската Бромапокрајна и Крусејдрс од Северна Ирска.
Откако Швеѓаните славеа со убедливи 0 – 4 на гостински терен во С. Ирска, јасно беше дека реваншот ќе биде само рутина и дека Торино во третото коло ќе игра со Бромапокрајна.
За време на ждрепката, УЕФА ги одредува датумите на натпреварите, а најчесто самите клубовите се договараат за евентуална замена на домаќинствата.
Во случајов, Торино требаше првиот дуел да го игра на домашен терен, а реваншот во Шведска, по што веднаш по ждрепката, десетина навивачи на „биковите“ нашле евтини летови до Стокхолм и чекирале карти.
Во меѓувреме, само ден по ждрепката, Торино изразил желба реваншот да го игра на свој терен. Бромапокрајна прифатила а во прилог на барањето одело и тоа што вториот клуб од Стокхолм, АИК истиот ден играл на домашен терен.
Навивачите кои купиле карти за главниот град на Шведска го молеле претседателот на Торино, Урбано Каиро да остане на првобитниот датум, но тој одбил. Картите биле неважечки, а датумот не можел да се смени.
Торинезите на крајот пиеле скапо шведско пиво и купиле карти за друг дуел од Лига Европа, помеѓу АИК Стокхолм и Астана.
Граната ги израдува со уште една победа (3-0) над Бромапокрајна и со вкупен резултат од 7-0, Италијанците се пласираа во Плејофот за Лига Европа, каде за противник го добија хрватскиот Сплит.
Во едно интервју по денешната ждрепка, еден навивач на Торино изјавил дека со задоволство би сакал да „погреши“ со билетите и да остане на Јадранското приморје.