Како изгледаше прославата на Ријека, каде слави нашиот Јован Манев

Заврши седумгодишната доминација на Динамо Загреб во хрватскиот фудбал. Нов првак е Ријека и тоа само поради подобар меѓусебен скор.

Втора шампионска титула за Ријека од осамостојувањето на Хрватска и втора со македонски репрезентативец од одбрана.

Првата во сезоната 2016/2017 со Стефан Ристовски во составот, овој пат со Јован Манев.

На мечот против Славен Белупо, пред полни трибини на „Рујевица“, домаќините славеа 2:0 со головите на Јанковиќ и Фрук. Манев остана на клупата за резерви, а Несторовски одигра еден час за гостинскиот тим.

Иако и Динамо и Хајдук ги добија своите натпревари со по 1:0, Динамо дома против Вараждин, а Хајдук на гости со Шибеник, тоа не беше доволно да ја спречат Ријека на патот до врвот.

Ријека и Динамо ја завршуваат сезоната со по 65 бода, но Ријека е прва поради меѓусебните дуели. Хајдук на Џенаро Гатузо и Александар Трајковски завршија трети.

Со оваа титула, Ријека ја прекина долгогодишната доминација на Динамо Загреб, кој беше шампион 8 години во низа или 16 пати во последните 17 сезони.

За Јован Манев, ова е прв титула во кариерата. 

 
26 мај 2025 - 09:45