И покрај тоа што поминаа две недели а во меѓувреме се одигра и најголемото дерби, во Хрватска тема број 1 се случките од мечот Ријека - Хајдук Сплит.
Од неколку епизоди од тоа јадранско дерби, најмногу внимание привлече онаа кога Јан Млакар буквално во последните секунди од мечот, во 90+7’ минута постигна победнички гол за 2:3 и лудо славје на Сплиќаните.
Тогаш зад голот на Ријека а пред секторот каде седеа навивачите на Хајдук Сплит едно од децата кое собираа топки радосно го прослави голот на гостите. Кога го приметиле на видеото, се појавиле многу коментари кои ја разбраниле јавноста и Ријека го избркала од својот систем каде малиот Тони тренирал.
Радоста на Тони со раце во воздух се гледа на 1:10 од видеото:
Во меѓувреме Далматински портал ојбави дека 11-годишниот Тони и неговите родители добиле повик од Хајдук и тој ќе продолжи да тренира во саканиот клуб. Исто така сплитскиот колектив успеал да најде стан за родителите на Тони, мајка му Габријела и татко му Жељко кои сега ќе се селат во Сплит каде за синот е најдено место во некое локално школо.
На култниот стадион „Пољуд“ на Тони веќе му направиле и голем пречек. Го примиле шефот на академијата на Хајдук, легендарниот помошник на Арсен Венгер во Арсенал, Боро Приморац, неговиот заменик Мате Радиќ и главната ѕвезда на првиот тим, Марко Ливаја кој е најдобар стрелец на Хајдук сезонава.
Интересно, Тони бил капитен на Ријека во својата годишна категорија, а неговите родители за Далматински портал не го криеле задоволството што ќе се преселат со синот во Сплит:
„Не викнаа на разговор. Во име на Ријека зборуваше Фаусто Будицин. Првата реченица беше: „Секое дете има право да навива за кого сака, ама...“ И тогаш почна се. Кажа после дека добил налог до следниот ден до 12 часот мора да му даде исписница на детето и пак „ама“... Вели дека нема да му ја даде зошто тоа е Тни, но да било кое било друго дете од екипата сигурно би добило исписница. После рече: „Жестоко ќе го казниме да биде еднакво на исписницата“. Му кажаа да остане дома недела дена и да не оди на Рујевица и во последното коло, а тие за тоа време ќе одлучат каква ќе биде казната односно суспензијата“, рекол Жељко.
Се огласиле и од Ријека, а таткото на малиот додал:
„Кога после пар дена излезе демант од Ријека, после 20 минути Будицин се јави и кажа дека Тони може утре да дојде на тренинг и дека се му е простено. Тогаш ние му рековме дека веќе сме побарале исписница“.
Мајката Габриела се разочарала во Ријека како клуб кој во јавноста не излегол со ниту еден збор да го заштити младиот играч.
„Стварно никому ништо не замеруваме. Тие погрешија, а ние на детето и натаму му објаснуваме дека мора да ја почитува Ријека како клуб во кој помина пет години“, рекле родителите.
Откако на „Пољуд“ го запознал својот идол Марко Ливаја, Тони рекол: „Ова ми е најубав ден во животот“.
Утрото после големиот и низ годиниве редок триумф на Хајдук во Загреб против омразениот Динамо, клубот на социјалните мрежи ја објави приказната за пречекот на малиот Тони.