Ријека е во транс, Стефан Ристовски го носеа на ушка

Чекаа 71 година и дочекаа. Ријека за прв пат во својата историја станаа шампиони на Хрватска и тоа со двајца стандардни репрезентативци, Стефан Ристовски и Леонард Жута кои играат на бековски позиции. За жители на градот ноќеска немаше сон.

Во хрватскиот фудбалски шампионат има уште едно коло до крај, но Ријека синоќа ја декласираше Цибалија со 4:0 за недостижни 5 бода предност пред второпласираниот Динамо Загреб кој го симнаа од тронот по пауза од 11 години.

Со оваа титула, фудбалерите на Ријека освен што ја прекинаа апсолутната доминација на тимот на Здравко Мамиќ кој има вкупно 18 титули, станаа четвртиот шампион на Хрватска. Другите две екипи се Хајдук Сплит и НК Загреб.

Ријека во својата седум децениска историја три пати го освојуваше Купот на Хрватска и два пати југословенскиот куп, а во хрватското првенство пет пати завршуваше на втората позиција.

Оваа титула им носи пласман во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Без разлика што трофејот ќе им го дадат следниот викенд кога во последното коло играа токму против Динамо Загреб на гости, во Ријека вчера беше лудница.

Инвазија на терен

Трубачи

Славје по улиците во Ријека

Огномет

Видеото со Стефан Ристовски на ушка е на неговиот Фб профил.

22 мај 2017 - 09:54