Во 2018-та година дел од трибините на стадионот на Монпеље бил затворен поради инциденти меѓу навивачите. Сезонава и лани поради пандемија немаше публика, па амбиент правеа самите играчи.
Во 59' минута од мечот во неделата, гостите од Монпеље тргнаа во контранапад, шпицот Анди Делор се отвори да прими топка во фор од соиграч, тргна кон голманот и го матираше.
А после истрча кон една камера и од под импровизираната бразлетна на раката извади гумена бомбона во облик на крокодил.
А набрзо и ја лапна гумената бомбона во облик на крокодил како асоцијација на симболот и прекарот на ривалите од Ним
Но судијата после неколку секунди му го прекинал славјето и со преглед на ВАР го поништил голот.
Во првиот дел од сезоната, Монпеље изгубил дома во дербито од Ним 0:1, а центарфорот Делор зборувал пред овој реванш.
„Мора да го обелиме образот од првиот дел на сезоната. Сега треба да го надоместиме пропуштеното за нашите навивачи и клуб. Некои играчи ја сфатија важноста на овој меч“.
Претходно Делор еднаш за Ним рекол:
„Не можам да го поднесам тој клуб. Пред секое дерби навивачите бараат да дадам гол против Ним и ја сум пресреќен кога давам погодок. Во мене има нечовечки емоции кога се спремам за дуелите со Ним“.
Ним после го отвори резултатот во 63' минута, ама Енди Делор, јунакот на приказнава израмни во 79' минута. Овојпат немаше гумена бомбона за мајтап, па голот го прослави заедно со клупата за резервни играчи.