Шпанска Marca пишува дека Лео Меси дошол во базата, во кампот на ПСЖ цели 2 часа пред почеток на тренингот кој бил закажан за 11 часот, но Аргентинецот дошол во 9:15.
Времето го поминал во разговор со тренерот Почетино и со соиграчите. Се сретнал и со Килијан Мбапе, најголемата ѕвезда на ПСЖ со кого поразговарале неколку минути. Француските медиуми оваа средба ја нарекоа „средба на францускиот принц со кралот“.
Се случи и долгоочекуваниот момент - средба со Серхио Рамос, легендарниот капитен на Реал Мадрид со кого Меси водеше вечни борби во Ел Класико.
Шпанецот ден претходно му посака добродојде на Меси во новиот клуб. Легендите на Реал и Барса брзо нашле заеднички јазик а стоперот дури и му понудил на Лео да се преселат во нивната вила со семејството додека не го реши станбеното прашање во Париз.
Messi and Ramos meet as teammates for the first time 🤗 pic.twitter.com/uq12SwVJ7q
— ESPN FC (@ESPNFC) August 12, 2021
Меси тренирал со групата играчи која скоро се вратила од одмор. За него ова беше прв тренинг после Копа Америка, тој се уште не е во прав ритам и најверојатно ќе го пропушти мечот со Стразбур викендов.