Дербито на Франција постои од почетокот на '90-те години. Ако на крајот од ХХ век предноста во голема мера беше кај Олимпик Марсеј кој тогаш доминираше ширум Европа и беше главен француски клуб (европски шампион), тоа сега неколку години е ПСЖ по доаѓањето на богатите шеици во управата на клубот.
Последната победа на Марсеј над ПСЖ датира од ноември 2011-та година кога Нејмар уште играше за Сантош, а Килиан Мбапе имал само 12 години. Скоро 10 години Олимпик немаше триумф во главниот град.
Но во неделата им се пружи голема шанса да го прекинат овој долг пост: коронавирусот го преполови ПСЖ на почетокот на новата сезона (позитивни беа Нејмар, Мбапе, Кејлор Навас, Паредес, Анхел Ди Марија и Маркињос - скоро пола прв тим).
Во првото коло сите овие играчи отсуствуваа и ПСЖ изгуби од новајлијата во Лига 1 Ленс со 1-0, а синоќа и од Марсеј предводен од Андре Вилаш-Боаш и покрај тоа што во состав се вратија Нејмар, Навас, Паредес и Ди Марија.
Во 31' минута миленикот на навивачите на Марсеј, Дмитри Паје одлично асистираше а Флоран Тован го отвори резултатот и ги шокираше домашните навивачи (во Франција веќе се игра фудбал со ограничен број на гледачи на трибините):
Иако повторената снимка покажа дека Тован најверојатно бил во недозволена ситуација, ВАР тоа не го покажа.
Но набрзо стигнаа и нови спорни моменти. Први на Ди Марија оправдано му беше поништен гол поради очигледен офсајд, а Марсеј постигна и втор гол во ситуација кога немаше никаков офсајд и неоправдано им го поништија:
Кулминацијата на нервозата стигна во судиското продолжение. Бразилецот Нејмар кој доби жолт картон уште во 11' минута, во 93' минута физички се спречка со Алваро Гонзалес за кого рече дека расистички ги навредил него и Ди Марија.
Набрзо во целата гужва влезе и темпераментниот играч на ПСЖ Паредес и почна општ хаос и тепачки. Крајниот епилог: директни црвени картони за Левен Курзава и Жордан Амави, втори жолти картони и автоматски црвени за Аргентинците Бенедето и Паредес, а по прегледување на ВАР црвен картон и за Нејмар
Gara tranquilla #PSGOM
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) September 13, 2020
07' 🟨 Sakai
11' 🟨 Neymar
11' 🟨 Payet
13' 🟨 Florenzi
38' 🟨 Papa Gueye
50' 🟨 González
52' 🟨 Bernat
61' 🟨 Lopez
71' 🟨 Benedetto
72' 🟨 Paredes
74' 🟨 Di María
91' 🟨 Strootman
97' 🟥 Amavi
97' 🟥 Kurzawa
97' 🟥 Benedetto
97' 🟥 Paredes
99' 🟥 Neymar