Рекордно најбрзи голови во топ европските лиги

Во неделата паднаа неколку експресно брзи погодоци. Леао од Милан постигна гол после само 6,76 секунди игра, а Мектоминеј за 3 минути даде 2 за Јунајтед. Кои се рекордите?

Рафаел Леао го постигна најбрзиот гол во историјата не само на Серија А, туку и на Топ-5 европските првенства. Против Сасуоло, Португалецот по кратките додавања со Браим Дијаз и Чаланоглу истрча експресно пред противничкиот голман и ја затресе мрежата за 6,76 секунди.

Леао постави нов рекорд за најбрз гол во Серија А.

1. Рафаел Леао: гол после 6 секунди (Сасуоло - Милан 1-2)
2. Паоло Поџи: гол после 8 секунди (Фиорентина - Пјаченца 1-3)
3. Марко Бранка: гол после 9 секунди (Удинезе - Фиорентина 4-0)

НАЈБРЗ ГОЛ ВО ПРЕМИЕР ЛИГА

Рекордот кој тешко дека некој ќе го урне во догледно време, го постави Шејн Лонг на 23 април 2019-та година. Ирецот го доведе во водство неговиот Саутемптон на гости кај Вотфорд после само 8 секунди.

НАЈБРЗ ГОЛ ВО ЛА ЛИГА

Во Шпанија рекордот го држи Хозеба Љоренте кој исто како Шејн Лонг во Премиер, за само 8 секунди постигна гол. Рекордот го постави на мечот Ваљадолид - Еспањол 2:1 на 20 јануари 2008-ма кога реализираше за домашниот состав.

НАЈБРЗ ГОЛ ВО ЛИГА

Францускиот фудбал рекордер има во Мишел Рио кој на 15 февруари 1992 година за Каен против Кан (3:1) постигнал гол после 8 секунди фудбал. Еврогол од волеј на прва:

НАЈБРЗ ГОЛ ВО БУНДЕСЛИГА

Автор на рекордно најбрзиот гол во Германија беше Карим Белараби кој по само 10 секунди ја смести топката во мрежата на Дортмунд на 23 август 2014-та. Баер Леверкузен тогаш победи 0-2.