По втор пат во историјата на клубот, бразилскиот Коринтијанс ќе учествува на Светското клупско првенство кое од 6 до 16 декември ќе се одржи во Јапонија.
Минатиот пат во 2000-та година, Коринтијанс успеа да триумфира на првенството, па нивните навивачи се надеваат на повторување на успехот и 15.000 од нив дојдоа на аеродромот во Сао Паоло да го испратат својот клуб.