Барса ќе крева пехар тежок 5 кила?

Во Јапонија од 10. декември ќе стартува Светското клупско првенство на ФИФА, турнир на кој шест освојувачи на своите Конфедерации плус домаќинот ќе се борат за 5-килограми тешкиот трофеј и 5 милиони долари.

Што е Светско клупско првенство?
 
Фудбалските власти во 1960. година дошле до идеја да организираат турнир на најдобрите екипи од секој континент. За таа цел тие го организирале Интернационалниот Куп на ФИФА во кој играле освојувачите на двата најпрестижни турнири во светот, Лигата на шампионите и Копа Либертадорес.
 
Првиот собир со 8 клубови е одржан во 2000. година во Бразил кога трофејот го освои Коринтијанс. Натпреварувањето се обновува во 2005. година како наследник на Интерконтиненталниот куп и во тој формат се одржуваше до 2008. година во Јапонија под спонзорство на Тојот. Домаќинството на турнирот од 2009. година се доделува на две години, така што 2009 и 2010 се одржа во Абу Даби во ОАЕ, а во 2011 и 2012 во Јокохама во Јапонија.
 
Домаќин на следните два турнири беше Мароко, а годинава повторно ќе се игра во Јапонија. Покрај титулата клупски светски првак, се доделуваат и награда за фер-плеј која што добива една екипа, како и поединечни награди: Златна, сребрена и бронзена топка за најдобриот играч на турнирот, за најдобриот стрелец и за најдобриот играч на финалето.

Каков е форматот на турнирот?

Светското клупско првенство се игра во плејоф систем, но секој тим во зависност од рејтингот на конфедерацијата игра во одредена фаза. На пример, победникот на ЛШ од Океанија стартува во 1/8 финалети каде игра со јапонски клуб кој е домаќин. Од 1/4 финалето влегуваат екипи од Африка, Азија и Северна Америка. Јужно-Американците и Европјаните се приклучуваат дури во полуфиналето.

Наградниот фонд на шампионатот е 16,5 милиони долари. Победникот добива 5 милиони, 4 ќе добие поразениот во диналето, а победникот на мечот за третото место ќе добие 2,5 милиони долари. Половина милион долари помалку од подобро пласираниот тим ќе добие секоја екипа надолу. Турнирот ќе се игра во два града - Осака и Јокохама.

Во вториот, кој се наоѓа на само 30 километри од главниот град на 20. декември ќе се играат финалето и мечот за трето место.

Кој владее со рекордите на Светското клупско првенство?

И покрај тоа што секогаш игра во завршната фаза, Барселона е најуспешен тим по бројот на бодови. Каталонците собраа 15 бодови на шест натпревари во три учества. Покрај тоа Барса постигна повеќе голови од било кој друг во историјата, има најдобра гол-разлика и 2 трофеи колку што има и Коринтијанс.

Интер, Баерн, Сао Паоло и Милан имаат по една титула. Екипите од КОНМЕБОЛ имаат вкупно 4 пехари, а оние од УЕФА вкупно 7.

Меѓу водечките стрелци е Аргентинец, но не е Меси. Лео има само 4 голови колку што имаат уште двајца играчи. Прв стрелец е Цезар Делгадо (на сликата) кој има 5 голови како играч на мексиканскиот Монтереј. Пеп Гвардиола е единствен тренер со 3 пехари, а Рафа Бенитез играл три финалиња, но две загуби како тренер на Ливерпул од Сао Пауло во 2005. година и како тренер на Челси од Коринтијанс 1:0 во 2012-та. Оукленд Сити од Нов Зеланд има најмногу учества на шампионатот, вкупно шест, едно повеќе од египетскиот Ал-Ахли. Ваел Гома од Ал Ахли ќе биде играч со најмногу учества.

Барса на турнирот ќе се појави во полуфиналето кое е предвидено за 17. декември. Актуелниот европски првак во Јапонија ќе допатува во супер форма. Во моментов Каталонците имаат гол разила 14-1 (Сосиедад, Рома и Реал Мадрид). Триото Нејмар-Меси-Суарез дале 125 голови досега во 2015. година. Исто како цел Баерн Минхен и повеќе од цел ПСЖ, Реал или Манчестер Сити.

Еден од проблемите за Барса би требало да биде аклиматизацијата, но малку е веројатно дека тоа ќе ги спречи до освојување на пехарот тежок 5 кг и 5 милиони долари. Најизвесно е противник на Барса во финалето да биде Ривер Плата која го освои Копа Либертадорес, но нивното првенство заврши така што Аргентинците ќе имаат 19 дена да се подготват за два натпревари. Меѓу останатите екипи кои ќе учествуваат се уште и кинескиот Гвангжу кој го виде Луис Фелипе Сколари и кој има 15 победи и 8 нерешени во азиската ЛШ каде го освои трофејот. Кинезите ќе играат против Мексиканската Америка која во Јапонија ќе дојде со новиот тренер Игнацио Иза.