Светското клупско првенство во 2005. година го замени стариот Интерконтинентален Куп. На овој турнир, 11-ти по ред, секоја година учествуваат екипите кои го освоиле пехарот наменет за шампионот на својот континент.
Како шампион на Европа ќе учествува Реал Мадрид, а заедно со него од 1/2 финалето ќе се приклучи и Сан Лоренцо, кој го освои јужно-американскиот Копа Либертадорес. Вечерва во 19:30, почнува турнирот со дуелот меѓу мароканскиот Могреб Теуан и Оукленд Сити од Нов Зеланд.
Победникот од тој дуел ќе игра против алжирскиот ЕС Сетиф во првото 1/4 финале. Реал Мадрид ќе игра на 16. декември против победникот од дуелот меѓу Круз Азул од Мексико и Сиднеј Вондерерс од Австралија. Второто полуфинале е закажано за 17. декември, а Сан Лоренцо го чека победникот на плејофот кој ќе го играат Могреб Тетуан, Оукленд Сити и ЕС Сетиф.
Сите натпревари ќе се играат на стадионот Принц Мулај Абделах во Мароко.
- 6 трофеи на Светското клупско првенство имаат европски екипи (Барса 2, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Интер и Милан);
- 3 пати пехарот го креваа екипите од јужна Америка (Сао Пауло 2005, Интернационал 2006 и Коринтијанс 2012);
- 3 пехари има Пеп Гвардиола, 2 пати со Барселона и еднаш со Баерн Минхен.
- 3 финалиња играше Рафа Бенитез, 2 пати поразен како тренер на Ливерпул и Челси, а еднаш освои со Интер. Карло Анчелоти со Милан го освои турнирот во 2007. година и годинава брка второ финале;
- 2 пати се играше финале без претставник на јужна Америка, а во сите финални натпревари досега играа европските шампиони;
- 2 пати најдобар играч на турнирот беше голман и тоа на 2 пати Бразилец. Најпрвин Рожерио Сени во 2005. (Сао Пауло го совлада Ливерпул) и Касио од Коринтијанс кој го доби Челси во 2012. година;
- 2 трофеи на СКП има Меси кој 2 пати беше биран за играч на турнирот. Аргентинецот во 2011. му даде два гола на Сантос на Нејмар во победата од 4:0. Кристијано Роналдо во 2008. година го освои СКП со Манчестер Јунајтед и сега има шанса да го стигне Меси и по овој параметар.
- Изненадување направија африканските тимови Мазембе и Раја Казабланка, екипи кои загубија во финалето од Интер во 2010 и Баерн Минхен лани;
- 1:0 е најчестиот резултат во финалето, а на тој начин до пехарот стигнуваа бразилските екипи;
- Само едно финале се одлучи по 90' минути, кога Барселона и Естудијантес играа 0:0 во 2009. година. Базели отвори за Аргентинците, а Педро Родригез израмни во 89' минута. Во продолженијата Меси ѝ донесе нов трофеј на Барселона;