Интерконтиненталниот Куп беше натпреварување кое се играше меѓу шампионите на Европа и Јужна Америка во периодот од 1960-та до 2004-та, а Црвена Ѕвезда го освои во 1991-ва година откако го совлада Коло Коло од Чиле со 3:0.
Натпреварот се одигра на 8 декември во Токио, Владимир Југовиќ постигна два гола и беше прогласен за играч на мечот, а Дарко Панчев ги постави конечните 3:0. Меѓу стартните 11 беше и Најдоски кој на крајот го крена пехарот како капитен, бидејќи Дејан Савичевиќ доби црвен картон во 42-ва минута.
Со оваа историска одлука која ФИФА ја донесе на денешниот состанок во Индија, најмногу се офајдија Милан, Реал Мадрид, Пењарол, Бока Јуниорс и Национал кои официјално добија по уште три светски титули.
Кај играчите, сега има двајца кои може да се каже дека се единствени пет кратки фудбалски прваци на планетата и тоа и двајцата се Бразилци.
Пеле стана светски првак со Бразил три пати (1958, 1962, 1970) и два пати го освои Интерконтиненталниот Куп (1962 и 1963), а Кафу има два Мундијали (1994 и 2002), 2 пати го освои Интерконтиненталниот Куп со Сао Паоло (1992 и 1993) и еднаш Светското клупско првенство со Милан (2007).
Во историјата се одржаа вкупно 43 изданија на Интерконтинеталниот Куп, со исклучок на две финалиња: Баерн Минхен - Индепендиенте (1975) и Ливерпул - Бока Јуниорс (1978), кои не се одржаа бидејќи клубовите не успеале да се договорат околу терминот на одигрувањето на мечот. За тие години нема победник.
Од 2004 година, Интерконтиненталниот Куп се преименува во Светско клупско првенство со што го промени и форматот.
Головите од финалето меѓу Црвена Звезда и Коло Коло