Анчелоти е најдобар тренер во историјата на Реал

Италијанецот годинава го водеше Реал Мадрид до четири титули во сите натпреварувања, што е најдобро остварување на кралевите во 112-годишната историја. На Реал му фалат уште три победи за да го срушат Гинисовиот рекорд на Коритиба од Бразил по бројот на последователни триумфи.

Откако на Реал му ја донесе четвртата, а себеси втората титула на Светското клупско првенство, Карло Анчелоти се израмни по бројот на освоени меѓународни трофеи со Алекс Фергусон и Пеп Гвардиола кои имаат по осум. Џовани Трапатони има седум.

Трофеите на Анчелоти: Лига на шампиони (2003, 2007, 2014), Европски Супер Куп (2003, 2007, 2014), Светско клупско првенство (2007, 2014). Реал Мадрид под водство на Италијанецот даде 178 голови во 2014. година, од кои 110 голови во Ла Лига, 37 во ЛШ, 22 во Копа дел Реј, 6 на Светско клупско првенство, 2 во Европскиот Супер куп и еден во шпанскиот Супер куп.

Дон Карло има 79,5% успешност на клупата на Реал. Зад него, како тренери на Реал Мадрид се Џон Тошак, поранешниот селектор на Македонија кој имаше 59 победи на 100 натпревари или 59%, Молоуни 107 победи на 183 натпревари или 58,4%, Вујадин Бошков 80 триумфи на 139 дуели или 57,5%.

На тој начин Реал Мадрид дал повеќе голови од било која друга шпанска екипа во сите натпреварувања. Само Кристијано Роналдо во 2014. година даде 56 голови. Ова ќе биде незаборавна година за навивачите на Реал, затоа што актуелниот состав стана најдобриот во историјата на клубот. Оствари скор од 51 победа на 63 натпревари (22 по ред), одигра пет нерешени средби и загуби седум пати.

Реал Мадрид го сруши и рекордот на Барселона во една календарска година. Каталонците во 2012. година имаа 49 победи и дадоа 175 голови.

Анчелоти има и далеку подобар учинок од Жозе Мурињо, кој освои само три трофеи за три години во Реал Мадрид. Блауграна го урна и рекордот на последователни победи, кој Барселона со Рајкард го постави во сезоната 2005/2006 и Анчелоти сега ќе оди по рекорд од Гинисовата книга, кој го постави бразилската екипа Коритиба која имаше 24 триумфи по ред во 2011. година. Во моментов Реал има 22 победи по ред.

За да влезе во Гинисовата книга на рекорди, Реал Мадрид ќе треба да ја победи Валенсија на Местаља на 4. јануари, Атлетико Мадрид во Копа дел Реј на 7. јануари и Еспањол во Ла Лига на 10. јануари.