Светскиот фудбалски шампионат почнува вечерва со натпреварот помеѓу мароканскиот состав Раја Казабланка кој како домаќин ќе го пречека шампионот од Океанија, Оукленд Сити. Победникот од овој дуел оди во четврт-финале каде ќе се сретне со Монтереј кој учествува како шампион во КОНКАКАФ зоната.
Првата полуфинална двојка ќе се формира со подобриот од овој дуел и Атлетико Минеро кој е победник на Копа Либертадорес. Во другото четврт-финале ќе се соочат шампионот на Африка, Ал Ахил и победникот на азиската Лига на шампионите, кинескиот тим Гуангжоу кој е предводен од Марчело Липи.
Тој што ќе победи ќе ја има најтешката пречка затоа што во полуфиналето ќе се соочи со Баерн Минхен. Во неговото прво учество на ова натпреварување, според кладилниците актуелниот европски првак е апсолутен фаворит за титулата со коефициент 1,22.
Втор е јужноамериканскиот шампион Атлетико Минеиро каде настапува Роналдињо со коефициент 6, трет е првакот на Средна и Северна Америка Монтереј со 18, Гуангжоу е четврти со 34, а потоа следуваат Ал Ахил, Казабланка и на крај Оукленд.
Во првите три изданија на Светското клупско првенство освојувачи се бразилските екипи Коринтијас, Сао Паоло и Интернационал, а доминацијата потоа во низа ја преземаа европските шампиони Милан, Манчестер, Барселона, Интер и потоа повторно Барселона.
Каталонскиот гигант не стигна до тројна круна затоа што минатата година во финалето беше поразен од Коринтијас. Најредовни учесници на овој светски клупски собир се Ал Ахил и Оукленд кои ќе настапат по шести пат.
Откако се покажа како успешен на две младински светски првенства за играчи до 20 и до 17 години, ФИФА го одобри користењето на спрејот и на ова натпреварување кој ќе им помага на судиите при одбележување на живиот ѕид.