Спрејот до сега се покажа како успешен на две младински светски првенства за играчи до 20 и до 17 години, па Светската куќа на фудбалот го одобри за користење и на светскиот клупски собир во Мароко кој е закажан за наредниот месец.
„Спрејот имаше одличен ефект и растојанието на кое треба да стојат играчите секогаш беше почитувно, така што судиите немаа потреба да покажат ниту еден жолт картон на претходните две натпреварувања. По Светското во Мароко повторно ќе направиме евалуација", изјави шефот на судиската комисија на ФИФА, Масимо Бузака.
При изведувањето на слободен удар според правилата играчите треба да стојат на 9 метри растојание од топката, а со прскање на спрејот линијата исчезнува за една минута.
Спрејот се користи во Јужна Африка, а за евентуално користење на Мундијалот во Бразил ќе се одлучи на состанокот на ФИФА во март идната година.